Голем пожар во бегалски камп во Париз

Само неколку часа по крвавите терористички напади во Париз, голем пожар изби синоќа во бегалскиот камп во близината на пристаништето Кале.

Повеќе пожарникари се бореле со огнената стихија, а сите присутни во кампот биле евакуирани.

Сè уште не се открива дали има жртви во пожарот, а заменикот на градоначалникот на Париз, Филип Мињоне, ја отфрла информацијата дека пожарот избил како одмазда за терористичките напади.