Заев испрати телеграма со сочувство до Оланд

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по ужасните терористички напади во Париз, упати тереграма со сочувство и со поддршка до францускиот претседател, Франсоа Оланд, до семејствата на жртвите и до граѓаните на Париз и на Република Франција.

„Изразувам искрено и длабоко жалење и сочувство за жрвите во грозоморните терористички напади што минатата ноќ ги потресоа Париз и светот, во мое име, во име на Социјалдемократскиот сојуз и на граѓаните на Република Македонија. Ја споделуваме огромната болка. Нашите мисли од синоќа се со стотиците жртви и повредени во тешките терористички акти, со нивните семејства и со граѓаните на Република Франција. Нападите на Париз се напад врз целото човештвото. Никој нема право да го одзема мирот, спокојот, сигурноста и безбедноста на граѓаните, каде и да живеат. Ужасните вести, фотографии и снимки од експлозиите на повеќе локации во Париз, стадионот „Стад де Франс“, концертната сала „Батаклан“ што сè уште ги вознемируваат граѓаните на Франција, но и целиот свет, се мотив уште пообединето да се застане на патот на злото на 21 век, тероризмот. Ви даваме силна поддршка Вам, претседателе Оланд, на државниот врв на Франција и на граѓаните во земјата, за смирено, мудро и одлучно справување со предизвикувачите на инцидентите со трагични последици во огромни размери. Се солидаризираме во таа битка на граѓаните на Франција и се ставаме на располагање да помогнеме според нашите можности“, стои во телеграмата.

 

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Од МВР соопштуваат дека во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција на почетокот на минатиот месец, во делот на сузбивање на трговијата со луѓе, односно програмата EMPACT-ОАП за...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки,...