fbpx

Трагичен биланс во Париз: Повеќе од 160 убиени и 200 ранети

-

По синоќнешните напади во Париз, чиј трагичен биланс е повеќе од 160 убиени луѓе и повеќе од 200 ранети, на улиците се ангажирани 30.000 полицајци, а француската влада заседава непрекинато.

Според досегашната истрага, се смета дека терористите се обучувани на домашен терен, во Франција. Аналитичарите оценуваат дека нападот во Париз, според бројот на локации и неопходната логистика за да биде изведен, бил покоординиран дури и од нападите на 11 септември во САД.

Француската полиција истакнува дека сите напаѓачи се убиени, но некои соучесници сè уште се на слобода. Покрај полицијата, која побара граѓаните да останат во своите домови, на сила е вонредна состојба.

Дополнително се мобилизирани 1.500 војници за да помогнат во обезбедувањето на Париз.

Во вчерашните напади најмногу загинати има во концертната сала „Батаклан“, каде животот го загубиле 80 луѓе, а од другите пет напади, четири беа во ресторани и еден во трговски центар. Неколку експлозии одекнале и блиску до стадионот „Стад де Франс“, во тек на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, присуствувал на натпреварот, од каде беше евакуиран.

Сочувство до семејствата на жртвите на нападите и остра осуда на овој терористички акт изразија Барак Обама, Ангела Меркел и Владимир Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...