вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Париз | 157 резултати

Голем пожар во бегалски камп во Париз

ноември 14, 2015

Само неколку часа по крвавите терористички напади во Париз, голем пожар изби синоќа во бегалскиот камп во близината на пристаништето Кале. Повеќе пожарникари се бореле со огнената стихија, а сите присутни во кампот биле евакуирани. Сè уште не се открива дали има жртви во пожарот, а заменикот на градоначалникот на Париз, Филип Мињоне, ја отфрла […]

Заев испрати телеграма со сочувство до Оланд

ноември 14, 2015

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по ужасните терористички напади во Париз, упати тереграма со сочувство и со поддршка до францускиот претседател, Франсоа Оланд, до семејствата на жртвите и до граѓаните на Париз и на Република Франција. „Изразувам искрено и длабоко жалење и сочувство за жрвите во грозоморните терористички напади што минатата ноќ ги потресоа Париз […]

Македонците во Париз за помош да се обратат во македонската амбасада

ноември 14, 2015

Нема информации дали македонски државјани што престојуваат во Париз побарале помош по вчерашните терористички напади што се случија во француската престолнина. За сите информации Македонците во Париз можат да се обратат во Амбасадата на Македонија, која се наоѓа на улица 21, rue Sebastien Mercier 75015,  Исто така, помош можат да побараат и на телефоните: 331 45 77 10 50, 331 45 77 […]

Обама: Ќе работиме заедно со Франција за одговорните да бидат откриени

ноември 14, 2015

Нападите во Париз се атак на целото човештво, изјави американскиот претседател, Барак Обама, и вети дека ќе работи заедно со Франција за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. – Кога и да се случат вакви настани, секогаш можеме да сметаме дека францускиот народ ќе биде со нас. Тие се исклучителен партнер во борбата против […]

Сите граници на Франција се затворени, нема ниту летови

ноември 14, 2015

Сите граници на Франција се затворени и сè уште е на сила вонредната состојба. Исто така затворен е и аеродромот „Орли“, а откажани се сите летови. Официјалните власти досега потврдија шест терористички напади во Париз. Само три се случиле на стадионот каде се одржуваше фудбалскиот натпревар Франција-Германија, а другите на различни локации во градот, при што […]

Иванов упати писмо со сочувство до францускиот претседател Оланд

ноември 14, 2015

По повод терористичките напади во Париз, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати сочувство до претседателот на Франција, Франсоа Оланд. „Со шок, неверување и со чувство на огорченост ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз и длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот чин. Ова е напад не само против граѓаните на Париз, […]

Трагичен биланс во Париз: Повеќе од 160 убиени и 200 ранети

ноември 14, 2015

По синоќнешните напади во Париз, чиј трагичен биланс е повеќе од 160 убиени луѓе и повеќе од 200 ранети, на улиците се ангажирани 30.000 полицајци, а француската влада заседава непрекинато. Според досегашната истрага, се смета дека терористите се обучувани на домашен терен, во Франција. Аналитичарите оценуваат дека нападот во Париз, според бројот на локации и неопходната логистика за да […]

Масакр во Париз: 160 загинати во серија терористички напади

ноември 14, 2015

Најмалку 120 лица се убиени во париската концертна сала „Батакло“, додека други 40 загинаа во серијата бомбашки напади и пукања во главниот град на Франција. Француските медиуми јавуваат дека 120 загинати е билансот по полициската акција во салата „Батакло“, каде група вооружени лица држеа стотина заложници. Безбедносните сили упаднале во „Батакло“ за да ги ослободат […]

Убиени двајца терористи во концертната сала „Батакло“

ноември 14, 2015

Полицијата упадна во париската концертна сала „Батакло“, каде десетици лица се заложници на засега непознат број терористи, јавуваат француските медиуми. Според последните извештаи, двајца терористи се убиени откако киднаперите одбиле да преговараат со полицијата. Засега не се знае точниот број заложници во концертната сала. Медиумите јавуваат различни бројки, од 60 до 100 лица. ces pompiers […]

Ноќ на терор во Париз: Најмалку 60 загинати во серија експлозии и напади

ноември 13, 2015

Најмалку 60 лица загинаа, а има голем број повредени во серија експлозии и терористички напади на седум локации во центарот на Париз доцна вечерва, јавуваат светските агенции. Експлозиите се случиле во ресторан во десеттиот арондисман и во близина на парискиот стадион, каде што се одвивал пријателски фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија. Има извештаи дека […]

Француската полиција уапсила осомничен за пожарот во кој загинаа осум луѓе

септември 2, 2015

Француската полиција уапсила едно лице кое е осомничено дека го предизвикало пожарот во станбена зграда во Париз, во кој утрово загинаа осум луѓе, меѓу кои и две деца, јавува „Би-Би-Си“. Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека осомничениот, кога бил пронајден, кај себе имал свеќа и запалка, а според дел од извештаите, станувало збор […]

Ослободени заложниците во Париз

јули 13, 2015

Заложничката криза во париска продавница, каде крадците држеа 18 заложници, е завршена, јави „Франс 24“. По неколку часа заложништво, специјалната единица на париската полицијата ги ослободи заложниците. Како што наведува истиот извор, можно е крадците сè уште да се во продавницата „Прајмарк“. Полицијата се сомнева дека напаѓачите се скриле меѓу 18 заложници, поради што во […]

Груевски на бизнис-форум во Париз

јуни 26, 2015

На бизнис-форум организиран од групацијата „Македонија 2025“ во Париз, ќе престојува премиерот Никола Груевски заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Горан Мицковски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекеровски. Целта е презентација на можностите за инвестирање и на поволностите […]

Париз ќе поднесе кандидатура за организатор на ОИ во 2024 година

јуни 19, 2015

Франција, односно Париз, ќе поднесе кандидатура за организација на Олимписките игри во 2024 година. Првите луѓе на Францускиот олимписки комитет ќе имаат состанок со францускиот претседател Франсоа Оланд и ќе дискутираат на оваа тема. Рокот за поднесување кандидатура е 15 септември, а во конкуренција се и Рим, Бостон и Хамбург.

Спектакуларен настап на македонски уметници со Дерик Меј во Париз

јуни 9, 2015

Настапот на Дерик Mеј со оркестарот „Ламуре“ под диригентство на Емин Џијан, го отвори годинашното издание на големиот музички фестивал „Ведер фестивал“ во Париз. Во рамките на овој престижен фестивал, годинава настапуваат повеќе од 70 артисти на пет различни сцени. Меј настапи со симфониска формација од 40 музичари. – Концертот во Париз помина фантастично. Публиката буквално […]

Париз ќе ги вади катанците на љубовта од Мостот на уметностите

мај 30, 2015

Градската управа на Париз најави дека в понеделник ќе почне да ги симнува стотиците илјади „катанци на љубовта“ обесени на познатиот Мост на уметностите (Pont des arts) кој минатата година попушти под нивниот товар. Париската градска управа одлучи да ги симне катанците што го уништуваат споменикот на културата и се опасни за безбедноста на посетителите.

Осминафинале на „Ролан Гарос“

мај 30, 2015

На Отвореното првенство на Франција во тенис денеска на програмата се мечевите од осминафиналето. Двојките кај мажите се: Чилиќ – Мајер, Мареј – Киргиос, Ѓоковиќ – Кокинакис, Гофин – Шарди, Сок – Ќориќ, Болели – Ферер, Гаске – Андерсон и Кузњецов – Надал. За место во четвртфиналето кај тенисерките ќе се борат: Квитова – Бегу, […]

Двајца ранети во напад во париското метро

март 14, 2015

Две лица добиле тешки рани откако биле нападнати од маж на една од станиците во подземната железница на француската престолнина Париз, пренесува „Макфакс“. „Имаше напад, две лица добија тешки повреди. Напаѓачот е уапсен од полицијата“, изјавиле припадниците на париската полиција, кои работат на местото на нападот. Тие не прецизирале со што бил вооружен напаѓачот. Инцидентот […]

Уапсени четири лица поврзани со нападите во Париз

март 9, 2015

Француската полиција денеска соопшти да се приведени четири лица поради поврзаност со нападите во Париз во јануари оваа година и дека меѓу нив се наоѓа и една жена-полицаец. Две официјални лица, кои сакале да останат неименувани, бидеќи истрагата е во тек, рекле дека едно од приведените лица има врска со Амеди Кулибали. Кулибали ја уби жената-полицаец […]

Македонија и Црна Гора со заедничка амбасада во Париз

февруари 23, 2015

На средбата помеѓу министерот за надворешни работи и за европски интеграции на Црна Гора, Игор Лукшиќ, и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, засновани на меѓусебна доверба и на пријателство. Во рамките на посетата, бил потпишан и протокол за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва на двете […]

Страна 7 од 8