Иванов на конференција на УНЕСКО во Париз

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО.

Тој ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето на лидерскиот форум, на тема „70 години УНЕСКО – мир и одржлив развој во сложен свет“.

Македонскиот претседател ќе присуствува и на свечената церемонија по повод 70-годишниот јубилеј од формирањето на УНЕСКО.

Во рамки на учеството на 38. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, предвиденa е средба на претседателот Иванов со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, како и средби со дел од присутните лидери, учесници на форумот.

За време на работната посета на Француската Република, претседателот Иванов ќе ја посети Maкедонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ во Париз. Македонскиот претседател ќе оствари средба и со истакнати бизнисмени – претставници на Клубот Македонија 2025 – Франција.

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати...