Министерски состанок на ЕУ за построги контроли на надворешните граници

-

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија на состанокот, закажан за утре, треба да ги договорат мерките за построга контрола на надворешните граници од Шенген-зоната по терористичките напади што се случија на 13 ноември во Париз, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ.

Според документот кој ќе биде на маса, министрите се очекува да се договорат за „итно спроведување на потребните системски и координирани контроли на надворешните граници, вклучувајќи ги и лицата што имаат право на слободно движење“.

Новите мерки, како што пренесува ХРТ, најверојатно ќе овозможат проверка на документи во криминалистичките и во безбедносните бази на податоци, што подразбира дека сите гранични премини на надворешните граници треба да бидат електронски поврзани со базите на податоци на Интерпол, како и автоматска проверка на патните документи.

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ треба да ги договорат и засилените контроли на најистурените надворешни граници, преку „разместување гранични тимови за брза интервенција и полиција“, а европската агенција за управување со надворешните граници Фронтекс ќе добие засилен мандат за борба против тероризмот.

Документот за кој утре ќе разговарат министрите, исто така, повикува на борба против финансирањето на терористите, засилена размена на разузнавачки податоци, построги правила за поседување оружје, а ќе се повика и на постигнување напредок околу програмата за размена на податоци за патниците во авионскиот сообраќај, план на кој се противи Европскиот парламент, кој стравува од евентуално кршење на правото на приватност.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...