fbpx

Оланд: Франција е во војна, ќе ја уништиме ИД

-

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека земјата е во војна и дека Европа мора итно да реагира за да не дојде до нејзина деконструкција.

Оланд говореше пред двата дома на францускиот парламент во Версај, што се случува многу ретко, а своето обраќање го почна со една минута молк, во чест на жртвите на терористичкиот напад во Париз.

– Ова не е војна на цивилизациите, бидејќи овие убијци не претставуваат никаква цивилизација. Ние триумфиравме над противници помоќни од овие кукавици – рече Оланд.

Францускиот претседател говорот го заврши со зборовите „ќе го истребиме тероризмот“.

– Нема варварите да нè спречат да го живееме животот каков што сме го одбрале. Тероризмот нема да ја уништи републиката, затоа што републиката ќе го уништи тероризмот. Оние кои се обидоа да ја нападнат републиката низ историјата, секогаш биле поразени. Така ќе биде и сега. Нападите на Париз се напади врз нашата земја и вредности. Нема да се ограничиме на тоа да ги запреме, туку посветени сме целосно да ја уништиме Исламска држава – рече Оланд.

Тој најави дека вонредната состојба ќе биде продолжена на три месеци.

– Во наредните две години ќе бидат отворени 5.000 работни места во полицијата, а до 2019 година нема да има отпуштања во војската – додаде Оланд.

Францускиот претседател наведе дека Франција побарала од Советот за безбедност на ОН итно да се усвои резолуцијата во борбата против тероризмот и повика на создавање „широка коалиција за проблемот во Сирија“.

Оланд најави и состаноци со претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...