fbpx
Таг: пандемија

таг: пандемија

Вистиномер: Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година

Во 2021 година која изобилуваше со лажни вести поврзани со ковид-19, освен за самиот вирус и за вакцините, многу дезинформации се ширеа и за тестовите со кои се детектира коронавирусот. Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе. Затоа уште на...

Вистиномер: Десет најголеми дезинформации за коронавирусот во 2021 година

Лажните вести ги преплавија социјалните мрежи, но и добар дел од медиумите во 2021 година. Ова се должи пред сè на пандемијата со коронавирусот која, иако трае речиси две години, сепак сè уште е главна тема за ширење дезинформации, особено на социјалните мрежи. И покрај тоа што десега во светот од ковид-19 заболеа милиони луѓе, а дел од нив ...

Вистиномер: Коронавирусот не е глупост и тргањето на маските нема да доведе до негово исчезнување

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на една дезинформација за заштитните маски што се шири на социјалните мрежи: Пост на Фејсбук сугерира луѓето да престанат да носат маски „за се да се врати во нормала“, бидејќи тие биле основа на сите глупости. Маските штитат од пренесување на коронавирусот и има научни истражувања кои го докажуваат тоа. Ако во постот...

Во сесиите за учење на Едуино изминативе три месеци учествувале 23.000 наставници

Над 23.000 учесници присуствувале на сесиите реализирани преку платформата за учење Едуино во текот на изминативе три месеци. УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Смарт Ап поддржаа единаесет вебинари за зајакнување на капацитетите на наставниците, воспитувачите и другите практичари во образованието, на теми поврзани со примена на иновативни методи на настава со фокус на дигитални алатки и дигитално...

Нови 226 случаи на ковид-19, бројката на починати зголемена за вкупно 15

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека последните 24 часа во земјава се направени 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19: Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово –...

Вистиномер: Најголемите лаги поврзани со квалитетот и ефективноста на вакцините против ковид-19

Со појавата на пандемијата на коронавирусот во јавноста испливаа голем број лаги и теории на заговор кои и ден денес се пласираат. Дезинформации почнаа да се шират и со појавата на вакцините против ковид-19, а во врска со нивниот квалитет и реакции. Ваквите дезинформации ги шират пред сè антиваксерите, но има и лекари кои пласираат секакви невистини и сомнежи...

Вистиномер: Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост. Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два...

Вистиномер: Јужна Африка прва го пријави сојот Омикрон во СЗО

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење во врска со најновиот сој на корона вирусот: Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции...

Вистиномер: Кои лекови најмногу се користат во битката со ковид-19?

Речиси две години во ковид пандемијата светот се бори со заразата како знае и умее. Здравствените власти ширум светот од почетокот на пандемијата и без постоење на вакцина, се најдоа пред голем предизвик: Како да го третираат коронавирусот?, пишува „Вистиномер“. Подолу го пренесуваме текстот во целост: Набрзо стана јасно дека специфичен лек нема, а дека сите лекарства кои се користат и...

Вистиномер: Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги напишале труд во 2008 година, во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип. Но, во трудот маските воопшто не се споменуваат, ниту, пак, некаде пишува дека тие се извор за бактериска пневмонија. Маските спречуваат ширење на вируси и никако не може да...

Вистиномер: Има разумен одговор зошто некои земји не пријавиле заболени од ковид-19

Заклучно со 22 ноември само четири земји во светот не пријавиле ниту еден случај на заболен од коронавирусот. Тоа што немаат пријавено заболени не значи дека и фактички нема ниту еден заболен во овие земји. Исто така, тоа што само четири земји не пријавиле ниту еден случај на коронавирус не значи дека вирусот не постои и дека го има...

Фемицидот е скриена пандемија: Не молчи, не трај, стави крај

„Насилството врз жените, вклучително и феноменот на семејно насилство претставува најгруба форма на кршење на човековите права. Фемицидот е најекстремната форма на родово базирано насилство, односно криминал сторен од омраза“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Анализата на случаи фемициди во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ - Не...

Првиот пациент со ковид-19 бил на пазарот за животни во Вухан, открива нова американска студија

Според нова студија на научник од САД, првиот пациент, односно „нултиот“ пациент со ковид-19 била продавачка на пазарот за животни во кинескиот град Вухан и таа е регистрирана на 11 декември 2019. Досега во голем дел се сметаше дека првиот пациент е маж, сметководител, регистриран на 8 декември, а кој немал поврзаност со пазарот за животни, посочува „Гардијан“. Студија направена...

Вистиномер: Фејсбук објава паушално тврди дека ковид е лага

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот е реалност, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет. Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно  254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони –  5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега...

Вистиномер: Алфред Цако повторно ja мами јавноста

Непрофесионалните медиумски производи претставуваат сериозен ризик за јавното мислење. Ризикот станува уште поголем кога на нерелевантни лица им се дава медиумски простор да шират хаос и паника кај читателите. Типичен пример за ова е содржината што ја рецензираме, во која контроверзна личност, која веќе стана „јавна личност“, без никакви факти или научни извори тврди дека за еден месец светот...

Вистиномер: Не е дојден крајот на ковид пандемијата во Србија

Пандемијата со ковид во Србија не е завршена, а такво нешто не се ни предвидува дека ќе се случи наскоро за целиот регион, особено поради зимскиот период кој ни претстои и во чиј пресрет веќе се регистрирани зголемени бројки на инфекции и хоспитализации. Само во последните 24 часа во Србија, според официјалните статистики на Министерството за здравство, регистрирани се...

Вистиномер: Лага е дека вакцината против ковид-19 била создадена пред појавата на пандемијата

Постот неосновано шири дезинформации дека вакцината против ковид-19 била направена пред појавата на пандемијата на коронавирус. Ова не е точно, а тоа го потврдуваат фактите, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа на една дезинформација. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека вакцината против ковид-19 била создадена пред вирусот да биде јавно познат. Јасно ви е дека вакцината...

Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести, велат од Лекарска комора

„Хередитарен ангиоедем: Современи тераписки и дијагностички протоколи во ерата на Ковид-19“, беше тема на неделната онлајн дискусија која со редовна динамика ја организира Лекарската комора со цел подобрување на комуникацијата и размена на стручни и релевантни информации меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем во услови на пандемија. Хередитарен ангиоедем се јавува поради мутација во генот кој го контролира...

Фајзер: Експериментална пилула против ковид-19 ги намалува смртните случаи и хоспитализациите за 90 отсто

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ денеска соопшти дека експерименталната пилула против ковид-19 што ја развива ги намалува за 90 отсто стапките на хоспитализација и смрт кај возрасните со висок ризик, јави АП. Во моментот голем број истражувачи низ светот се обидуваат да создадат пилула против ковид-19 што би можела да се пие како и други лекови, дома, и така да се ублажи...

Вистиномер: Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2, вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...