fbpx
Таг: осомничен

таг: осомничен

СДСМ ја смени реториката: „Осомничениот Груевски“ стана „обвинетиот Груевски“

По најавата на Специјалното јавно обвинителство дека поднело две обвиненија до Основниот суд Скопје 1, едното за незаконско уништување документи поврзани со опремата за прислушување и второто за насилството во Општината Центар, опозицискиот СДСМ ја смени реториката со која се обраќа кон поранешниот премиер Никола Груевски. Во соопштенијата што ги испраќаат до медиумите и на прес-конференциите на нивните членови, СДСМ повеќе...

Психијатриско лекување на осомничениот за убиството на полицаецот, побара ОЈО Куманово

Кумановското Основно јавно обвинителство побарало на осомничениот за убиството на полицаецот, кое се случи во јули оваа година, судот да му одреди задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. „Основното јавно обвинителство Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по наредба на надлежен јавен обвинител ги...

Обвинителство: Српски државјани ја користат туристичката сезона за шверц на мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отворило истражна постапка против српски државјанин кој вчера бил фатен како превезува мигранти, од кои седум биле деца, соопшти денеска Јавното обвинителство. Осомничениот, според информациите од Обвинителството, со уште едно, засега непознато лице, од подрачјето на Гевгелија прифатиле и кон Куманово превезувале неутврден број на мигранти. Полицијата во возилото на...

Притворен прилепчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Прилепското Основно јавно обвинителство почнало истрага против 30-годишен жител на градот кој се сомничи за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија, соопшти денеска Јавното обвинителство. Според кривична пријава што МВР ја доставило до Обвинителството, осомничениот се товари дека од втората половина на 2012 година од почетокот на август, оваа година, „преку компјутерски систем набавувал за себе и поседувал...

Скопското обвинителство истражува случај на полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за полов напад врз дете што не навршило 14 години, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Осомничениот се товари дека на 22 јули 2016 година, околу 19.30 часот, извршил други полови дејства врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје“, стои во соопштението од...

Кумановец со прострелна рана во главата пронајден во бунар во село Доброшане

Безживотно тело на маж, со прострелна рана на десната слепоочница, е најдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“, во село Добрешане, Кумановско, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тим нуркачи на Министерството за внатрешни работи го извадиле телото од бунарот, а надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото. За случајот е осомничено едно лице кое било...

Притворен осомничениот за убиството во Гостивар

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на осомничениот за убиството на 26-годишниот жител на Гостивар, кое се случи завчера вечерта, по банална расправија на улица во градот, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека надлежниот јавен обвинител од гостиварското Основно јавно обвинителство издал наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, кој се товари за убиство, според член 123...

Убиен 26-годишен гостиварец, Обвинителството нареди истрага

Дваесет и шестгодишен гостиварец синоќа бил застрелан, по расправија на улица во градот, и неколку часа подоцна починал во Клиничкиот центар во Скопје додека лекарите се обидувале да му ги санираат повредите. Надележен јавен обвинител од гостиварското Основно јавно обвинителство издал наредба за спроведување истрага за пукањето, а денеска биле дадени наредби за вештачење на трагите на оружјето и на...

Скопјанец одгледувал марихуана која наводно му требала за магистратура

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 43-годишниот скопјанец П.М., осомничен за неовластено производство на марихуана, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, осомничениот пред извесно време испратил барања до министерствата за земјоделство и за здравство да му издадат дозвола за одлгледување канабис сатива, која, наводно, му била потребна за изработка на магистерски труд. Тој бил одбиен од двете...

Скопјанец шверцувал мигранти во багажник од автомобил

Синоќа, околу 22.45 часот, при контрола на автомобил на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на Демир Капија, полициска екипа во багажникот на возилото открила двајца илегални мигранти од Пакистан, информира МВР. Станува збор за возило, марка „бмв“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал 23-годишниот Н.Н. од Скопје. Како што информираат од МВР, возачот бил приведен и задржан во...

На Богородица запленети повеќе од 8 килограми марихуана

Екипи на одделот за организиран криминал на МВР и на Царинската управа завчера во заедничка акција на граничниот премин Богородица заплениле повеќе од 8 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал 19-годишен скопјанец, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, против возачот М.С. (19) е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори,...

Куќен притвор за првоосомничениот во „Транспортер“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја уважил жалбата на првоосомничениот во случајот „Транспортер“ на решението на судијата на претходна постапка и, наместо притвор, му одредил куќен притвор, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Постапувајќи по жалба на првоосомничениот во предметот „Транспортер“, С.Б., кој преку својот бранител поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка,...

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, но засега не е познат...

Уапсен припадник на ИД осомничен за минатогодишниот бомбашки напад во Анкара

Турските власти уапсиле припадник на Исламска држава, осомничен за вмешаност во двојниот самоубиствен бомбашки напад што се случи во октомври минатата година во Анкара, а во кој загинаа 103 лица, јавуваат агенциите. Осомничениот бил уапсен вчера во турскиот град Газиентап, во близина на границата со Сирија. Тој се товари за учество во терористичка организација. Станува збор за петти осомничен приведен во истрагата...

Едно лице уапсено за убиство на 67-годишна радовишанка

Едно лице е уапсено и осомничено дека од користољубие убило 67-годишна жена од Радовиш, чие безживотно тело вчера било пронајдено во нејзиниот дом во градот, соопшти Јавното обвинителство. „Се работи за 26-годишен жител на Радовиш. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица, ценејќи дека се исполнети условите, ќе предложи мерка притвор“, велат од Обвинителството. Лицето, како што информираат оттаму, е...

Притворен скопјанец осомничен за обид за убиство на сопругата

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против 48-годишен скопјанец, осомничен дека во саботата (2 април) брутално ја претепал сопругата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди на главата и по телото, соопшти МВР. Против Т.П. е поднесена пријава со која се товари за обид за убиство при семејно насилство, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Како што информираат...

Пуштен од притвор еден од осомничените за нападите во Брисел

Белгиското обвинителство го пушти од притвор новинарот Фејсал Шефу кој беше осомничен за учество во терористичките напади кои се случија минатата недела во Брисел. Неодстаток на докази била причината Шефу да биде пуштен на слобода. Во извештајот на државниот обвинител стои дека „индикациите кои довеле до апсење не биле доволни“. Шефу беше уапсен во четвртокот навечер во автомобил пред обвинителството во Брисел...

Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција во Брисел. „Абдеслам сака да замине...

Инспектори на царината заплениле 8,5 килограми злато, шверцувано од Турција

Инспектори од Одделението за истраги на Царинската управа вчера при претрес на автомобил, марка „голф 5“, на патот Гостивар - Дебреше, откриле 8,5 килограми злато, наменето за македонскиот пазар, соопшти Царинската управа. Според Царината, златото, чија вредност се проценува на околу 200.000 евра, било набавено во Турција и потоа прошверцувано во Македонија. „Околу 10.30 часот, за детална царинска контрола сопрен е...

Се зголемува бројот на шверцери на мигранти поради бегалската криза

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против 26-годишен македонски државјанин за криумчарење мигранти, соопшти денеска Јавното обвинителство. Осомничениот на 3 март годинава превезувал 13 мигранти, меѓу кои и две деца, кои ги зел кај казиното „Принцес“ во Гевгелија. Деветмина од мигрантите, кои илегално влегле на територијата на Македонија, биле вратени во Грција, додека другите биле...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...