fbpx
Таг: осомничен

таг: осомничен

Притворен разбојник што ограбил девет аптеки во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против против едно лице кое се товари дека извршило девет разбојништва во исто толку аптеки во Скопје. Како што соопшти денеска обвинителството, осомничениот, кој е на 44-годишна возраст, разбојништвата ги извршил во периодот од 23 јуни до 18 јули, заканувајќи се со пиштол кон вработените во аптеките, од кои однел извесна сума пари. Судот...

Кондовец уапсен откако признал дека убил соселанец

Дваесет и едногодишно момче од скопското село Кондово, синоќа било уапсено во полициската станица Ѓорче Петров, откако признало дека пред една недела го убило својот соселанец М.M. (57) и го открило местото каде се наоѓа телото, информираше денеска МВР. Според полицијата, 21-годишниот М.Т. на 11 јули, околу 21.30 часот, во близина на Кондово, го убил М.М., кој во меѓувреме бил...

Скопјанец осомничен за серија кражби од возила во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 30-годишниот Д.Д. од Скопје поради основан сомнеж дека извршил серија кражби во автомобили на туристички локации во Охрид. Полицијата го сомничи скопјанецот дека користејќи соодветен алат и физичка сила провалувал во автомобили, сопственост на македонски и на странски државјани, од кои одземал пари, лаптоп-компјутери, хард-дискови, видеокамери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема,...

Притворен битолчанец поради шверц на 100 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Охрид, постапувајќи по кривична пријава, почнало истражна постапка против жител на Битола, кој заедно со уште едно лице бил фатен како во возило превезува 100 килограми марихуана, соопшти Јавното обвинителство. Осомничениот се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а на барање на јавен обвинител, Основниот суд Охрид му...

Основен суд Скопје 1: Притворено уште едно лице поврзано со инцидентите во Собранието

Основен суд Скопје 1 вечерва соопшти дека определил притвор од осум дена за уште едно лице поврзано со инцидентите во Собранието, што се случија на 27 април. - Во Основниот суд Скопје 1 попладнево е спроведено уште едно лице кое е дел од предлогот на Основното јавно обвинителство - Скопје против 15 лица поврзани со инцидентот во Собранието, за кои судот...

Љупчо Шврговски ќе го брани Бобан С. за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврди самиот Шврговски. - Да, јас сум му адвокат - ни рече Шврговски, но не сакаше да коментира ништо во врска со случајот. Бобан С., осомничениот за најголемата кражба во историјата на независна Македонија, трезорот...

Уапсен еден од двајцата осомничени за нападот во Дортмунд

Германската полиција уапсила еден од двајцата осомничени кои се товарат за вчерашната експлозија во Дортмунд, соопшти денеска германското Федерално обвинителство. Во писмото кое е пронајдено на местото нападот се бара повлекување на германските авиони од Турција и затворање на американската воздухопловна база Рамштајн во Германија. Трите експлозии се случиле во близина на автобус со фудбалерите на „Борусија Дортмунд“, но ниту еден...

Руски државјанин роден во Киргистан осомничен за нападот во Санкт Петербург

Руски државјанин, роден во Киргистан е осомничен за бомбашкиот напад во воз, во метрото во Санкт Петербург во кој, вчера загинаа 14 лица, а 49 беа повредени, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на службите за безбедност во земјата. Киргистанските безбедносни служби, како што пренесува „Би-би-си“, го идентификувале напаѓачот како Акбарзон Јалилов, кој, според информациите, бил роден во градот Ош во...

Сопругот осомничен за убиството на битолчанката

Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашното убиство на битолчанката Е.М.Д., за кое е осомничен нејзиниот сопруг. Според Јавното обвинителство, осомничениот ја убил сопругата удирајќи ја со дрвено сукало по главата. Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд доставило предлог на осомничниот да му биде одредена мерка притвор. „Предлог е доставен поради основан сомнеж дека осомничениот на 13 март 2017 година, поради...

Судот му одреди притвор и издаде потерница по Сеад Кочан

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство и му одреди притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“ на СЈО, потврдија за „Мета“ од судот. Од судот велат дека е издадена и потерница по Кочан. Кривичниот совет на судот го прифатил образложението на жалбата на СЈО, односно дека ако...

Уапсен осомничениот за убиството на 67-годишната жена во Охрид

Разбојникот  кој завчера изврши убиство на 67-годишна жена во Охрид е уапсен во Куманово, во координирана акција на полицијата и на обвинителството. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, осомничениот бил со потекло од Куманово, а во моментот на разбојништвото и на убиството живеел во истата станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По разбојништвото, тој заминал за Куманово и,...

Цимерот на бездомникот од Битола е осомничен за неговото убиство

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А. (53) од Битола, поради постоење основан сомнеж дека извршил убиство. Настанот се случил во текот на ноќта помеѓу 24 и 25 јануари, во неутврдено време, при што пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети, на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и на тој начин го лишил...

Царината спречила шверц на 18 килограми марихуана, сокриена во плинска боца

Царинските екипи на граничниот премин Табановце вчера спречиле обид за шверц на 18 килограми марихуана, што била сокриена во плинска боца. Како што информираат од Царинската управа, вчера, околу 6 часот, на граничниот премин за излез од Македонија било пријавено возило, со албански регистарски таблички, а управувано од И.Ш., државјанин на Албанија. Возилото било селектирано за детална контрола и при...

Австрија: Уапсено едно лице осомничено за планирање на терористички напад во Виена

Австриската полиција вчера уапсила едно лице, осомничено дека подготвувало терористички напад во главниот град на земјата, Виена, соопшти полицијата, јавуваат светските медиуми. Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, изјави дека станува збор за 18-годишен мигрант, кој имал австриско државјанство. Тој додал дека има индиции дека осомничениот планирал да го изврши нападот од радикално-исламистички мотиви. Осомничениот бил уапсен, откако специјалните полициски...

Поднесено обвинение за убиството на четиригодишното дете во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против Б.И., осомничен за прегазувањето на четиригодишно дете, кое се случи на 25 јуни годинава кај кумановската болница. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот се товари за убиство, според член 123 од Кривичниот законик. Во врска со случајот, поднесено е обвинение против уште три други лица за насилство. „На 25 јуни годинава, додека...

Обвинителството го истражува вчерашното убиство во Велес

Основното јавно обвинителство Велес го истражува убиство што вчера околу 14 часот се случило во местото Којник, кај Велес, кога вооружен маж дошол во куќата на сега починатото лице и веднаш почнал да пука во него. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, жртвата, во обид да му избега на сторителот, излегла од куќата и дошла до улицата, каде осомничениот уште...

Запленети 2,7 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан

Царински екипи вчера, на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница, заплениле 2,7 килограми марихуана, сокриена во автомобил со македонски регистарски ознаки, што го управувал 34-годишниот Е.М., соопшти денеска Царинска управа. Во автомобилот, според царината, биле пронајдени 12 најлонски пакетчиња со марихуана, сокриени на повеќе места во возилото. „Во багажниот простор под резервната гума, пронајдени се четири најлонски пакетчиња, наполнети со тревкаста материја...

Притворен жител на селото Алдинци, осомничен за убиство на брата си

Судија на претходна постапка на барање на јавен обвинител му одреди 30 дена притвор на жител на крушевското село Алдинци, осомничен за убиство на својот и брат и за обид за убиство на 14-годишно дете, кои се случиле викендов. Осомничениот, како што соопштија денеска од обвинителството, го убил својот брат во нивната семејна куќа. Тој го нападнал брата си со...

Судот го одби барањето за притвор на еден осомничен во случајот „Трезор“

Одбиено е барањето за притворање на еден осомничен во предметот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство, информираат од Основниот суд Скопје 1. Во соопштението е наведено дека судијата на претходна постапка, постапувајќи по барањето на СЈО, го отфрла предлогот како неоснован. Попладнево, пак, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“. Обвинителот...

Идентификуван осомничениот за експлозијата во Њујорк

Њујоршката полиција верува дека 28-годишниот Ахмад Кан Рахами е одговорен за експлозијата на импровизирана бомба на Менхетен. Ова го соопшти претставникот на полицијата, Питер Доналд. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, истакна дека осомничениот е идентификуван и дека се работи за натурализиран Американец кој пораснал во Њу Џерси. Тој додаде дека осомничениот е вооружен и опасен. Њујоршката полиција ја објави и неговата фотографија. Во експлозијата...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...