fbpx
Таг: осомничен

таг: осомничен

Пронајдена дрога кај скопјанец што управувал возило на агенцијата СГС

Екипа на полициската единица „Алфа“, пред десетина дена, при претрес на 22-годишен скопјанец, кој управувал возило, сопственост на агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервис“ (СГС), пронашла и запленила околу 3 грама амфетамин и помало количество марихуана, информираат од МВР. Секторот за внатрешни работи Скопје деновиве поднел кривична пријава против 22-годишниот Е.Ш., според која тој се товари за неовластено производство и...

Обвинителството почна истрага за убиството на старецот во село Маково

Основното јавно обвинителство Битола покренало истражна постапка против осомничениот за вчерашното убиство на 80-годишниот жител на мариовското село Маково, соопшти денеска јавното обвинителство. Тој се товари дека по расправија со овчарски стап до смрт го претепал старецот. „Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во село Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото...

Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Токму тоа била причината поради која сега осомничениот му се нафрлил на старецот,...

Претепан до смрт 80-годишен жител на мариовското село Маково

Осумдесетгодишен жител на мариовското село Маково денеска бил претепан до смрт, од помладо лице. Мотивите за физичкиот напад засега не се познати, а според неофицијални информации, полицијата веќе го привела осомничениот. Од битолската клиничка болница потврдуваат дека попладнево на ургентното одделение бил донесен повозрасен маж со тешки телесни повреди на главата и по целото тело. Тој веднаш бил префрлен на одделот...

Најмалку седум убиени во вооружен напад во Мичиген, САД

Најмалку седум лица се убиени, а три се ранети откако непознат напаѓач синоќа отворил оган на повеќе локации во градот Каламазу во американската сојузна држава Мичиген, пренесуваат светските медиуми. Според „Би-Би-Си“, пет лица биле убиени во ресторан, а две на паркиралиште на локален салон за автомобили. Неофицијално, како што пренесува британскиот национален сервис, меѓу убиените е и осумгодишно дете. Полицијата, според...

Миле Јанакиески на распит во Кривичниот суд

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, моментално е на распит пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1. Новинарите кои чекаат пред судот не го забележаа Јанакиески кога влегол  во судот, но како што јави репортерот на „Мета“, го забележале Јанакиески, кој со своите адвокати, меѓу кои е и Никола Додевски, адвокат на поранешниот премиер Никола...

Судија од Охрид осомничен за примање поткуп

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 56-годишниот Р.С., судија во Основниот суд Охрид, поради постоење основан сомнеж дека примил поткуп. Според полициските информации, осомничениот судија, кој постапувал по граѓански предмет, на 25 јануари годинава од вработен во локална фирма, која била тужена странка во случајот, побарал и примил поткуп од 5.000 денари за да пресуди во корист...

Жител на Никуштак осомничен за шверц на петмина мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 23-годишниот Л.С. од селото Никуштак, кој се товари за криумчарење мигранти, информира МВР. Според МВР, вчера околу 6.50 часот, на регионалниот пат Дојран - Струмица, во близина на бензинска пумпа, полициска екипа запрела автомобил, марка „фолксваген пасат“, што го управувал осомничениот, а во кој биле откриени петмина илегални мигранти од...

Притворен 19-годишник за убиството на Бит-пазар

Деветнаесетгодишниот А.А. од Скопје е осомничен за убиството на неговиот врсник Л.А., кој во неделата вечерта почина во Градската хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ од убодни рани во градниот кош. Секторот за внатрешни работи Скопје поднел пријава против А.А. поради основан сомнеж дека нанел тешка телесна повреда со смртни последници. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил притвор од 30 дена. Според полицијата, осомничениот...

Притворен скопјанец за семејно насилство

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка за 44-годишен скопјанец осомничен за обид за убиство. Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со нож и со сатар и нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство, кое завршило со крвав деликт, сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот е уапсен. Јавен...

Скопски бизнисмен осомничен за даночно затајување на околу 715.000 евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по добиено известување од Управата за финансиска полиција, оформило предмет и издало наредба за спроведување истражна постапка против скопјанецот Ф.С., сопственик и управител на фирмата „Фарком инженеринг“, осомничен дека затаил данок од околу 44 милиони денари или околу 715.000 евра, соопшти Јавното обвинителство. „Според добиеното известување, во периодот од 2010 до 2015 година лицето Ф.С. од Скопје, како сопственик...

Во стан во Скопје откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана

Екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, во стан во Скопје откриле импровизирана лабораторија за производство на висококвалитетна марихуана, позната како сканк, соопшти денеска Министрството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, станот во февруари годинава го изнајмил осомничениот М.Р. (32), кој потоа набавил опрема потребна за лабораториско одгледување и производство на канабис сатива и нелегално...

Уапсен еден од главните осомничени за геноцидот во Руанда во 1994 година

Главниот осомничен за геноцидот во Руанда во 1994 година е уапсен вчера во Демократска Република Конго, соопштија денеска Обединетите нации (ОН). Педесет и тригодишниот Ладислас Нтаганцва е обвинет дека стои зад организирањето на масовните силувања и масакр на илјадници луѓе во геноцидот во Руанда во кој загинаа околу 800.000 луѓе. Тој е еден од деветтемина осомничени кои се на листата на...

Откриени мигранти од Пакистан во куќа во Велес

Полициска екипа вчера, во куќа во непосредна близина на железничката пруга во Велес, открила група од седум мигранти од Пакистан, кои пред четири дена илегално влегле во земјава од Грција. Според полициските информации, откако илегално влегле во земјава, мигрантите тргнале пеш кон Србија, а вчера се сретнале со Р.С. (18) од Радовиш, со кој се договориле за сума од 190...

Директорот на ЈП „Октиси“ осомничен поради загадување на водата за пиење

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против Ф.Ш. (33), директор на Јавното претпријатие „Октиси“, кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полициските информации, осомничениот директор, во периодот од јуни до септември оваа година, со неизвршување на својата службена должност, не обезбедил нормално функционирање на техничката апаратура на резервоарот за вода за пиење и хлорирање...

Тројца убиени во вооружен напад во болница во САД

Двајца цивили и еден полицаец се убиени кога вооружено лице отворило оган во клиника за планирање на семејство во градот Колорадо Спрингс во Соединетите Американски Држави, јавуваат светските медиуми. Според информациите, уште девет лица биле повредени во престрелката која траела пет часа пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата. Поголем број луѓе, како што јавуваат медиумите, биле заробени во зградата...

Откриени пет куршуми во багажот на патник на скопскиот аеродром

Вчера, околу 18 часот, на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, бил приведен 36-годишниот Ш.Т., откако во неговите патни торби биле пронајдени пет куршуми од пиштол, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, осомничениот патувал со австриски пасош, а куршумите за гасен пиштол биле откриени при рентген-контрола на неговите патни торби. Тој бил приведен во просториите на граничниот премин, а во...

За убиството на младиот радовишанец осомничен негов братучед

Полицијата го расчистила убиството на 26-годишниот Јашар Р., чие безживотно тело во четвртокот минатата недела беше пронајдено во куќа во Радовиш, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кривична пријава е поднесена против Д.С. (28) од Прилеп, братучед на убиениот, кому судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Според МВР, убиството се случило минатиот понеделник (2 ноември), а причина било...

Директорот на „Проаква“ осомничен за загадувањето на водата во Струга

Директорот на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ од Струга е осомничен дека со своето однесување и со неизвршување на својата службена должност, директно придонел за загадувањето на водата од градскиот водовод, чија употреба надлежните ја забранија среде туристичката сезона. Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против директорот на „Проаква“ поради, како се наведува во службеното соопштение, постоење основи на сомневање дека сторил злоупотреба...

Притворен кичевец, осомничен за киднапирање и за силување

Кичевската полиција поднела кривична пријава против 55-годишен жител на селото Колибари, кој, според пријавата, се товари за противправно лишување од слобода и за силување, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, тој биле приведен утрово, откако вчера, околу 18 часот, 39-годишна жителка на прилепското село Јакренево, пријавила дека пред два месеци осомничениот ја киднапирал и присилно ја чувал во неговата куќа...