Притворен кичевец, осомничен за киднапирање и за силување

Кичевската полиција поднела кривична пријава против 55-годишен жител на селото Колибари, кој, според пријавата, се товари за противправно лишување од слобода и за силување, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, тој биле приведен утрово, откако вчера, околу 18 часот, 39-годишна жителка на прилепското село Јакренево, пријавила дека пред два месеци осомничениот ја киднапирал и присилно ја чувал во неговата куќа во Колибари. Според нејзината изјава, дадена во полиција, во тој период таа била физички малтретирана и силувана.

Според полицијата, жената, во текот на вчерашниот ден успеала со виљушка да ја отвори вратата од куќата и со автостоп стигнала во Кичево, каде што во полициска станица го пријавила случајот.

Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.