четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: малтретирање | 24 резултати

Момче од Гостивар ја малтретирало својата 16-годишна девојка

октомври 29, 2025

Триесет и осум годишна жена вчера во СВР Тетово пријавила дека нејзината 16 годишна ќерка одредено време била психички малтретирана од нејзиното момче од Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, тој ја следел и не ѝ дозволувал да комуницира со никого и да излегува од дома за да нема контакти со машки […]

Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување на стари лица

октомври 8, 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик. Со […]

Уште една жртва на насилникот од Радовиш јавно проговори

март 29, 2025

„Минатата година во месец март првпат се запознав со човекот и оттогаш започнаа сите напади врз мене. Ме имаше фатено за врат, ме малтретираше и тепаше. Јас плачев, викав на цел глас, но се беше залудно, никој не можеше да ме слушне. Во август месец во исто време не имаше тепано со жртвата од виралното […]

Видеото од ученици што малтретираат наставничка е од Романија

мај 11, 2023

Видеоматеријалот што се споделува во постот не е од С. Македонија, туку потекнува од Романија. Иако во постот изрично не се тврди дека снимениот материјал е од Македонија, сепак, не е споделена информацијата дека настанот се случил на час во Романија, со што се пропушта контекстот. Медиумите во Романија известуваат дека станува збор за наставничка […]

Притвор и кривична процедура против битолчанец што ја малтретирал поранешната сопруга

септември 9, 2022

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола повело постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола […]

Изложба со повик полицијата сериозно да ги сфати пријавите за малтретирање на интернет

јуни 26, 2022

„Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“ – со оваа порака Центарот за еднакви можности „Бубамара“ вчера на плоштадот во Тетово и во Гостивар, но и во Стара скопска чаршија, ја одржа „Изложбата без име“. Целта на оваа изложба беше преку илустрации на уметникот Рехатлику да се крене свеста малтретирањето со кое се соочуваат […]

Кание Вест суспендиран од Инстаграм на 24 часа откако упати расна навреда кон Тревор Ноа

март 17, 2022

Кание Вест е суспендиран од социјалната мрежа Инстаграм откако објави расна навреда упатена кон водителот на „Дејли шоу“ Тревор Ноа, потврди за Си-Ен-Ен портпаролот на Мета, сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Наводно, Вест ги прекрши политиките на платформата за говор на омраза, малтретирање и вознемирување. Нему му е ограничено да објавува, коментира и да врши […]

Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготви онлајн курс за дигитална безбедност за новинарки

ноември 2, 2021

За да им помогне на жените во медиумскиот сектор да развијат пристапи за дигитална безбедност што ќе ги направат побезбедни на интернет, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го лансираше својот онлајн курс за дигитална безбедност. Курсот се фокусира на конкретни предизвици со кои се соочуваат новинарите и онлајн и офлајн, вклучувајќи закани, говор на омраза, […]

Охриѓанка го заклучувала 34-годишниот син и го малтретирала

октомври 18, 2017

Охриѓанката Ф.Ѓ. (56) добила кривична пријава од СВР Охрид за загрозување на сигурноста, поради тоа што, како што велат од полицијата, подолго време го малтретирала и го заклучувала 34-годишниот син, поради што нему му се влошила здравствената состојба. Според СВР Охрид, пријавената 56-годишна жена подолг временски период во семејната куќа го вознемирувала нејзиниот син В.Ѓ. […]

„Оксфам“: Балканските земји да преземат мерки против малтретирањето на мигрантите

април 6, 2017

Владите на Србија, Македонија, Хрватска, Унгарија и на Бугарија мора веднаш да ги истражат сите кривични дела извршени врз мигранти, вклучувајќи и бегалци, и да преземат мерки за спречување на вакви случаи во иднина, се вели во новиот извештај на британската хуманитарна организација „Оксфам“. Во извештајот се бара владите на овие земји итно да престанат […]

Продавачката го убила соселанецот зашто континуирано ја малтретирал

февруари 8, 2017

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднела кривични пријава против 33-годишната М.П. од селото Свето Митрани, Крушевско, која се товари за убиството на Н.Д. (44), жител на селото, кое се случи во петокот минатата недела, во колонијална продавница во селото, каде жената работела како продавачка. Според полицијата, причина за убиството било тоа што Н.Д. од […]

Над 300.000 деца се жртви на малтретирање во Индија

јуни 1, 2016

Најмалку 300.000 деца во Индија се секојдневна мета на малтретирање и принудени се да просат за индустријата која ја водат картели за криумчарење на луѓе, се наведува во извештајот на организацијата „Проект за слобода на Индија“. Според податоците на индиската Национална комисија за човекови права, секоја година се киднапираат 40.000 деца, а за најмалку 11.000 […]

Уапсен Авганистанец во Германија за сексуална злоупотреба на деца

мај 18, 2016

Дваесет и двегодишниот Авганистанец Хамид Ф. (22) е уапсен под обвинение дека во изминатите неколку недели сексуално злоупотребил пет деца во два града. Како што соопшти германската полиција, Хамид Ф. по кого Европол издал потерница, признал дека „бакнувал и допирал“ две девојчиња во Хемниц. Тој, исто така, е обвинет и за сексуална злоупотреба на две […]

Притворен скопјанец осомничен за обид за убиство на сопругата

април 4, 2016

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против 48-годишен скопјанец, осомничен дека во саботата (2 април) брутално ја претепал сопругата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди на главата и по телото, соопшти МВР. Против Т.П. е поднесена пријава со која се товари за обид за убиство при семејно насилство, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор […]

Осумдневен притвор за негувателка што малтретирала 84-годишна старица

декември 28, 2015

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, надлежниот суд ѝ одредил притвор од осум дена на негувателката осомничена за тепање и за малтретирање на 84-годишна старица, која ѝ била доверена на чување, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Скопје до наделжен суд поднесе предлог за определување мерка притвор за негувателката родена 1951 година, за која постојат […]

Притворен кичевец, осомничен за киднапирање и за силување

октомври 18, 2015

Кичевската полиција поднела кривична пријава против 55-годишен жител на селото Колибари, кој, според пријавата, се товари за противправно лишување од слобода и за силување, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, тој биле приведен утрово, откако вчера, околу 18 часот, 39-годишна жителка на прилепското село Јакренево, пријавила дека пред два месеци осомничениот ја киднапирал и присилно […]

МВР: Таткото ја поставил камерата откако видел дека дадилката го удира детето

септември 10, 2015

Денеска од Министерството за внатрешни работи излегоа со соопштение за случајот со осомничената дадилка за малтретирање на деветмесечно бебе во Скопје. – Пријавената во периодот од мај до 1 септември 2015 година во Скопје, додека била ангажирана како негувателка задолжена за грижа за животот, здравјето и за негување на деветмесечно дете, го малтретирала и грубо се однесувала, […]

Судот одреди 30 дена притвор за дадилката што тепаше бебе

септември 10, 2015

Триесетдневен притвор за дадилката, за која постои сомневање дека малтретирала деветмесечено бебе, одреди Основниот суд Скопје 1. Случајот беше обелоденет вчера попладне, кога Обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против скопјанка која била ангажирана да чува бебе. Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син […]

Обвинителството почнало истрага против осомничен за малтретирање бебе

септември 9, 2015

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против лице кое е осомничено дека малтретирало деветмесечно дете, соопшти денеска Јавното обвинителство. Кривичната пријава за случајот до Обвинителството ја поднел Секторот за внатрешни работи Скопје. „Пријавеното лице било ангажирано за чување и за негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото […]

На народниот правобранител не му било дозволено да влезе во затворот во Шутка

мај 19, 2015

Притворениот полицаец бил малтретиран и измачуван од своите колеги при полициската акција во Куманово, информираше денеска народниот правобранител Иџет Мемети, кој обелодени дека во акцијата, меѓу приведените од групата терористи, имало и полицаец кого колегите при носење во затвор го малтретирале. „Имаме сознанија дека над еден приведен е сторено кривично дело мачење. Се работи за државјанин […]

Страна 1 од 1