fbpx

Осумдневен притвор за негувателка што малтретирала 84-годишна старица

-

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, надлежниот суд ѝ одредил притвор од осум дена на негувателката осомничена за тепање и за малтретирање на 84-годишна старица, која ѝ била доверена на чување, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Скопје до наделжен суд поднесе предлог за определување мерка притвор за негувателката родена 1951 година, за која постојат основани сомнежи дека сторила кривично дело телесна повреда од член 130, став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената се товари за повредите нанесени на изнемоштена 84-годишна старица, која ѝ била доверена на чување. Од судот, на осомничената ѝ е одреден притвор во траење од осум дена“, стои во соопштението од Обвинителството.

Вчера, Секторот за внатреши работи Скопје поднесе кривична пријава против 64-годишната негувателка Ј.М., која според пријавата се товари за телесна повреда при вршење семејно насилство.

„На 21 декември, околу половина час по полноќ, на улица Димо Хаџи-Димов, од Б.В., преку поставениот видеонадзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка (која боледувала од Паркинсонова болест и деменција) заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка, удирајќи ја со рацете по главата и по телото, тегнејќи ја за косата и туркајќи ја на креветот. Откако го видел тоа, Б.В. се симнал на долниот кат и истата ја спречил и понатаму физички да ја напаѓа и да ја малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. Пријавената повеќепати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи во врска со случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...