fbpx
Таг: осомничен

таг: осомничен

Идентификуван напаѓачот кој уби едно и рани три лица на колеџ во Аризона

Властите на сојузната американска држава Аризона соопштија дека вооружениот напаѓач кој денеска уби едно и рани уште три лица на Универзитетот „Северна Аризона“ во Флагстаф е идентификуван како Стивен Џонс, 18-годишен бруцош на Универзитетот, јавуваат медиумите во САД. Според информациите, Џонс извадил пиштол по расправија со неколку студенти на паркиралиште во кампусот и почнал да пука. Тројцата ранети студенти, со...

Му вперил пушка во автомобилот оти свирнал со сирената

Триесет и деветгодишен скопјанец вчера попладне во полиција пријавил дека непознато лице му се заканувало и му вперило пушка „пумпарица“ додека со возилото се обидувал да се вклучи во сообраќај. Како што информираат од полицијата, според пријавата, инцидентот се случил околу 16.45 часот на улицата Јани Лукровски во Скопје, кога М.Б. (39) сакајќи да се вклучи во сообраќај, дал знак со...

Француската полиција уапсила осомничен за пожарот во кој загинаа осум луѓе

Француската полиција уапсила едно лице кое е осомничено дека го предизвикало пожарот во станбена зграда во Париз, во кој утрово загинаа осум луѓе, меѓу кои и две деца, јавува „Би-Би-Си“. Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека осомничениот, кога бил пронајден, кај себе имал свеќа и запалка, а според дел од извештаите, станувало збор за маж на околу 30-годишна...

Уапсен главниот осомничен за бомбашкиот напад во Банкок

Тајландските власти уапсиле маж за кој се верува дека е главниот осомничен за бомбашкиот напад што пред две недели се случи во главниот град на земјата, а во кој загинаа 20 лица, соопштил премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча, јавуваат светските агенции. Според премиерот Чан-оча, станува збор за странски државјанин кој бил уапсен во источниот дел на Тајланд, во провинцијата Са Каео,...

Убиецот на двајцата новинари во САД се застрелал

Вооружениот маж осомничен за убиството на двајцата новинари во американската сојузна држава Вирџија се застрелал самиот неколку часа по инцидентот, пишува „Хафингтон пост“, повикувајќи се на информации од полицијата. Тој бил идентификуван како Вестер Ли Фланаган, на возраст од 41 година, кој до пред извесно време работел како репортер во истата телевизија како и жртвите, односно WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“...

Гостиварец осомничен за девет кражби во Струга

Струшката полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот гостиварец О.А., кој се товари за пет тешки кражби и за четири кражби што ги извршил во текот на минатиот месец во Струга, соопшти полицијата. Осомничениот, според полицијата, кражбите ги вршел во куќи и во станови, на плажи на струшкото крајбрежје и од возило, одземајќи пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, облека и други...

Познат идентитетот на убиениот во Диво Насеље

Познат е идентитетот на убиениот 71-годишен маж во инцидентот што  претпладнево, околу 11.20 часот, се случи на улицата Тоде Мендол во кумановско Диво Насеље, пишува „Прес24“ . Според порталот, убиен е 71-годишниот Риза Р., а во пукањето тешко повреден е неговиот 30-годишен син Аднан. За убиството осомничен е косовскиот државјанин Бекир Н. Според информациите, Бекир Н. со огнено оружје стрелал во Риза и...

Главниот осомничен нема да сведочи за смртта на рускиот агент Литвиненко

Главниот осомничен во истрагата за смртта на поранешниот руски агент Александар Литвиненко, за „Би-Би-Си“ изјавил дека нема да сведочи и да дава докази за случајот што го водат британските правосудни органи. Дмитри Ковтун е еден од двајцата осомничени за кои британските власти веруваат дека го отруле Литвиненко со радиоактивната супстанца полониум 210 во лондонски хотел во 2006 година. Котвун, кој ги...

Полицијата изнесе повеќе детали околу вчерашното убиство во Струга

Поради постоење основи на сомневање за сторени убиства и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К. (23) од струшкото село Велешта. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера околу 13.15 часот, пријавениот на улицата од пиштол истрелал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим...

Притворен возачот за сообраќајката кај „Зебра“

На возачот, кој во вторникот вечерта со својот автомобил предизвика сообраќајна несреќа и ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска, одредена му е мерка притвор од 30 дена, соопшти обвинителството. „Во рамки на истрагата за сообраќајната несреќа, на 10 јули 2015 година (денеска), пред надлежниот обвинител беше доведен осомничениот со неговиот бранител. Надлежниот обвинител потоа достави предлог за определување на мерката...

Деветмина убиени во напад на црква во Јужна Каролина

Девет луѓе се убиени при вооружен напад во афрoамериканска црква во Чарлстон, во сојузната американска држава Јужна Каролина, пренесуваат светските медиуми. Шефот на локалната полиција, Грегори Мулен, изјавил дека осум од жртвите биле убиени во црквата, додека едно лице починало кратко по нападот. Осомничен за пукањето е маж, белец, на возраст од околу 20 години. Како што изјавил Мулен, најверојанто станува збор...

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во охридскиот локал „Император“

Албанските власти вчера, на граничниот премин Ќафасан, на македонската полиција ѝ го предале осомничениот за двојното убиство во охридскиот ресторан „Император“, кој по неколкумесечно бегство, кон средината на февруари оваа година беше уапсен во Албанија и до моментот на неговото спроведување во земјава, се наоѓаше во екстрадиционен притвор. Како што соопштуваат од МВР, осомничениот Б.П. (31), по преземањето од албанските...

Уапсен осомничениот за убиството во Љуботен

Завчера вечерта, полициски екипи во селото Љуботен го уапсиле Т.Б. (21), осомничен за убиството на Џеваир М. (31), што се случи на 16 април пред џамијата во селото. Кај осомничениот е пронајдена и една автоматска пушка „калашников“, која била користена за убиството.

Убиството во Љуботен било поради расправија на раскрсница

На синоќешното убиство во скопското село Љуботен, во кое смртно беше застрелан Џеваир Мурати (30), му претходела расправија и тепачка поради сообраќаен прекршок на кружниот тек во населба Бутел, информираат од МВР. Осомничен за убиството е 21-годишниот Т.Б., по кој полицијата сè уште трага. Според информциите на МВР, Мурати, жител на селото Раштански Пат, синоќа околу 22.15 часот бил донесен во Градската...

Осомничен во случајот „Чекан“ екстрадиран од Хрватска

Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја завршило екстрадицијата на Р.С. (40), еден од осомничените во случајот „Чекан“, а кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари. Како што информираат од МВР, Р.С. на 10 јануари оваа година, бил уапсен на граничниот премин Бајаково, по распишана меѓународна потерница од Интерпол, по...

Тетовец ограбил пензионер во Струга

Струшката полиција поднела кривична пријава против 35-годишниот тетовец Џ.С., осомничен дека на почетокот на минатиот месец ограбил пензионер, информира полицијата. Против него е поднесена кривична пријава за кражба. Кражбата, според полицијата, се случила пред банка во Струга, каде 78-годишниот пензионер ја подигнал пензијата, а кога излегол надвор, две лица се втурнале во него. Кратко потоа, пензионерот забалежал дека му го нема...

Велешкото обвинителство почна истрага за случај на полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Велес почнало истражна постапка против 47-годишно лице осомничено за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од јавното обвинителство. Како што соопштуваат оттаму, кривичното дело за кое се товари осомничениот се случило во понеделникот, а жртвата било момче на 12-годишна возраст. „Осомничениот, инаку сосед на жртвата , на 9 март 2015 година во попладневните часови го повикал...

Заев осомничен за поткуп од 200.000 евра

Министерството за внатрешни работи го сомничи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за случај на корупција од 200.000 евра. „Пријавениот во периодот од ноември 2013 година до денес, во својство на градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од две евра за еден квадратен метар...

Уапсен осомничениот за двојното убиство во охридскиот клуб „Император“

По шестмесечно бегство, албанската полиција вчера во Тирана го уапсила 31-годишниот Бојан Р., осомничен дека го извршил двојното убиство во охридскиот локал „Император“, кон средината на август минатата година, јавуваат албанските медиуми, повикувајќи се на полициски информации. Вечерта, на 21 август, на летната тераса на локалот „Император“, осомничениот со неколку истрели од пиштол ги застрелал сопственикот на објектот, Васил Ристески...

Заев: Ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Радио Слободна Европа“ вели дека кривичната пријава против него поради сомнеж за „загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта“ е само „дрзок и безобразен обид на власта да го спречи објавувањето на докази и на аргументи“. - Поради тоа што постои целосна спрега меѓу МВР, обвинителството и судството, ја повикувам меѓународната...