fbpx

Главниот осомничен нема да сведочи за смртта на рускиот агент Литвиненко

-

Главниот осомничен во истрагата за смртта на поранешниот руски агент Александар Литвиненко, за „Би-Би-Си“ изјавил дека нема да сведочи и да дава докази за случајот што го водат британските правосудни органи.

Дмитри Ковтун е еден од двајцата осомничени за кои британските власти веруваат дека го отруле Литвиненко со радиоактивната супстанца полониум 210 во лондонски хотел во 2006 година.

Котвун, кој ги отфрла обвинувањата, требаше да се јави преку видеолинк од Москва на сослушувањето во Лондон.

Тој за „Би-Би-Си“ изјавил дека му треба дозвола од руските власти, бидејќи во спротивно неговото сведочење би ја прекршило доверливоста на истрагата за смртта на Литвиненко што се води во Русија.

Литвиненко почина кратко по средбата со Дмитри Ковтун и со второобвинетиот Андреи Луговои во лондонски хотел, каде испил чај во кој имало полониум 210.

Четириесет и тригодишниот Литвиненко е поранешен офицер на Федералната безбедносна служба, наследничка на КГБ, кој замина во Британија каде доби државјанство. Тој беше познат како жесток критичар на политиките на Кремљ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...