fbpx

Притворен 19-годишник за убиството на Бит-пазар

-

Деветнаесетгодишниот А.А. од Скопје е осомничен за убиството на неговиот врсник Л.А., кој во неделата вечерта почина во Градската хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ од убодни рани во градниот кош.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел пријава против А.А. поради основан сомнеж дека нанел тешка телесна повреда со смртни последници.

Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил притвор од 30 дена.

Според полицијата, осомничениот во неделата, околу 19 часот, на улицата Ресенска, по претходна расправија, со нож му нанел три убоди во градниот кош и во стомакот на Л.А., а на Е.Ф., кој бил во негова придружба, му нанел повреда на левото уво.

По нападот, Л.А. бил однесен во болницата, каде била констатирана смрт, додека Е.Ф. по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...