fbpx

СДСМ ја смени реториката: „Осомничениот Груевски“ стана „обвинетиот Груевски“

-

По најавата на Специјалното јавно обвинителство дека поднело две обвиненија до Основниот суд Скопје 1, едното за незаконско уништување документи поврзани со опремата за прислушување и второто за насилството во Општината Центар, опозицискиот СДСМ ја смени реториката со која се обраќа кон поранешниот премиер Никола Груевски.

Во соопштенијата што ги испраќаат до медиумите и на прес-конференциите на нивните членови, СДСМ повеќе не вели „осомничениот Груевски“, туку „обвинетиот Груевски“.

Во вчерашната реакција на СДСМ за непојавувањето на Груевски на рочиштето за „Пуч“, СДСМ напиша „Обвинетиот Никола Груевски може да им диктира колку сака соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ и на раководството на Основниот суд Скопје 1, за да го оправдаат неговото отсуство на судењето против Зоран Заев што се води на негово барање“.

Денеска, на прес-конференција, портпаролот на партијата, Петре Шилегов, зборувајќи за проектот „Македонија вработува“ рече: „Ваков ли е наводниот проект „Македонија вработува“ на обвинетиот Никола Груевски, што го спроведува власта токму преку оваа Агенција? Ако Агенцијата за вработувања ангажира работници на црно, што се случува во другите државни институции?“

Иако од СЈО не ги кажаа имињата на обвинетите лица во двата случаи, од разговорите во т.н. „бомби“ може да се заклучи дека во случајот за насилството во Општината Центар првообвинет е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а второобвинет поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

– Се работи за разговор од телефонска комуникација меѓу двајца припадници на извршната власт, кој е направен на 1 јуни 2013 година во 20.50 часот и трае 4 минути и 4 секунди. Разговорот е воден откако веќе била закажана седница на Советот на Општината Центар, на која како точки на дневен ред биле ставени запирања на неколку детални урбанистички планови, меѓу кои и оној за Мал Ринг. Првообвинетиот во месец јуни побарал, а второобвинетиот прифатил и преку трето, четврто и петтообвинетиот ги поттикнале членовите на партијата да извршат грубо насилство врз градоначалникот на Општина Центар и советниците во Општината од спротивниот политички табор – рече Фетаи, додавајќи дека мотивите за ова кај првообвинетиот се од лукративна природа, заради заштита на бизнис-интересите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...