понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Општина Гостивар | 22 резултати

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

октомври 29, 2022

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион – „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен […]

Депонијата „Русино“ и денес го труе Гостивар, жителите бараат селекција и рециклирање на отпадот (галерија)

октомври 26, 2021

На речиси 10 километри од центарот на Гостивар се наоѓа една од најголемите депонии во земјава. Екипата на „Мета.мк“ и „Порталб.мк“ еден дождлив октомвриски ден се упати кон депонијата „Русино“ и за многу кратко време успеа да сними шокантни сцени. Освен десетици кучиња и една жена со неколку деца, на оваа локација не можевме да […]

Две години по автобуската несреќа кај Ласкарци, судскиот процес сè уште трае

февруари 13, 2021

Со положување на цвеќе на местото на несреќата кај селото Ласкарци и Меморијален марш во организација на група граѓани и планинари, денеска се одбележуваат две години од автобуската несреќа во која на 13 февруари 2019 година животот го загубија 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој сообраќал на релацијата Скопје-Гостивар излета од автопатот кај […]

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња, во Гостивар водата забранета за пиење

јануари 11, 2021

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа драстично зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и во битолскиот регион. Тие известуваат и за појава на заезерени површини на […]

Во Полог при крај е формирањето заедничко јавно претпријатие за управување на отпадот

декември 31, 2020

При крај е процесот на основање на заедничкото јавно претпријатие (ЈПЕ) Русино за управување со отпадот во Полошкиот плански регион. Советите на општините во овој регион назначија членови на управниот одбор на ова претпријатие и првиот конститутивен состанок ќе се одржи денес, информираат од Центарот за развој на полошкиот плански регион. „Новоназначените членови се очекува […]

Амбасадорката Галовеј во посета на Гостивар, се сретна со градоначалникот Таравари и општински советници

ноември 12, 2020

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска оствари посета на Општина Гостивар, каде што се сретна со градоначалникот Арбен Таравари и со општинските советници, информираат општинските власти. Проблемите со кои се соочува општина Гостивар, досегашните инвестиции, проектите што се очекува да се реализираат во иднина, справувањето со пандемијата Ковид-19 беа теми на денешната средба. Градоначалникот Таравари ѝ […]

Порталб: Договорот за депонијата „Русино“ постигнат, блокадата останува, што понатаму?

октомври 1, 2020

Договорот за доделување дозвола на Општина Гостивар за рехабилитација на депонијата „Русино“ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање беше постигнат, но сепак блокадата на патот што води од Гостивар кон оваа депонија нема да биде повлечена до потпишувањето на овој договор од сите градоначалници на полошкиот регион, рекоа за „Порталб.мк“ од […]

Од Центарот за развој на Полошкиот регион најавуваат санација на депонијата Русино до крајот на годината

септември 22, 2020

Со обезбедените средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, до крајот на годинава ќе се преземат брзи мерки за подобрување на состојбата со гостиварската депонија Русино, информираат од Центарот за развој на Полошкиот регион. „Со брзите мерки е предвидено изградба на систем за управување со исцедок со кој преку мрежа на насипи и ровови […]

Ревизија во Општина Гостивар откри дека мостот над реката Вардар бил без технички прием

декември 3, 2019

Неповолно или воздржано мислење изразиле ревизорите за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за работењето на Општина Гостивар во 2018 година, пишува „Порталб.мк“ како продолжение на сите досега објавени ревизорски извештаи за работењето на локалните власти. Ризик од исплати на средства врз основа на непотпишани и неодобрени сметководствени документи, нецелосен и неквалитетно извршен попис кој […]

Општина Гостивар ќе прогласи тридневна жалост

февруари 13, 2019

Советот на Општина Гостивар утре ќе одржи вонредна седница по повод страшната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица, а околу триесетина други беа повредени. „На утрешната седница, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите. Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на […]

Таравари на три јазици вети дека во Гостивар нема да има поделби

ноември 2, 2017

Новиот градоначалник на општина Гостивар, поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска на новите членови на Советот на Општината им го честиташе назначувањето на албански, македонски и на турски јазик и повика на соработка. И тој и советниците денеска ги добија уверенијата од општинската изборна комисија и ги почнаа своите мандати. – Кампањата и изборите […]

Бејта – Тимоние: Поребно е брзо формирање нова влада

февруари 13, 2017

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта по денешниот состанок кој го одржаа во зградата на Општина Гостивар, порачаа дека е потребно што побрзо формирање на нова Влада. По средбата на која било разговарано за актуелната политичка состојба во земјава, амбасадорот Тимоние рече дека државата не е во криза, […]

По две децении часовниците на Саат-кулата во Гостивар повторно се во функција

јануари 20, 2017

Сите четири часовници на Саат-кулата во Гостивар, по две децении, од денеска повторно се во функција, откако Конзерваторскиот центар постави нови механизми. Часовниците кои воопшто не работеа или покажуваа различно време, ги пуштија во употреба градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи, и директорот на Конзерваторскиот центар во […]

Општина Гостивар ќе има буџет околу 18 милиони евра во 2017 година

декември 27, 2016

Oпштинската каса на Гостивар за наредната година ќе тежи 1.098.684.000 денари или околу 18 милиони евра. Советот на Општината го усвои буџетот на денешната седница со мнозинство гласови и без многу расправа. Според објаснувањето што го дадоа од секторот за финансии, буџетот најмногу ќе се полни од трансфери и од дотации, кои во вкупните приходи учествуваат со […]

Жителите на гостиварско Сушица со блокади ќе бараат изградба на патот кон селото

февруари 26, 2016

Кал и дупки длабоки половина метар. Во ваква состојба е патот кој води до гостиварското село Сушица. Мештаните велат дека земјениот пат уште повеќе се уништува од камионите на комуналните претпријатија од Полошко, кои по оваа делница го транспоритаат сметот до регионалната депонија Русино, која се наоѓа на само неколку километри од нивното село. Жителите […]

Општина Гостивар обвинува дека политичките опоненти ја уништуваат урбаната опрема

февруари 24, 2016

Општина Гостивар обвинува дека политичките опоненти ја уништуваат урбаната опрема низ градот. Уништени се реквизитите на детското игралиште во градскиот парк во Гостивар. Извадена е оградата и светилките, а расфрлани се делови од куќарките. Од Општина Гостивар велат дека случајот го пријавиле во полиција и очекуваат сторителите да бида откриени. Се сомневаат дека вакви или слични оштетувања […]

Основци од Гостивар следат настава во студени училници

јануари 27, 2016

Од почетокот на второто полугодие, поголемиот дел од учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар следат настава во студени училници. Парното греење на првиот кат од овој училишен објект не работи, а дел од училниците се затоплуваат со греалки, кои родителите на децата ги носат од дома. Дел од родителите најавуваат дека нема да […]

Општина Гостивар годинава ќе одвои 6 милиони денари за развој на спортот

јануари 27, 2016

За поддршка на спортски манифестации и за развој на спортот, Општина Гостивар годинава од својот буџет ќе одвои 6 милиони денари или двојно повеќе во споредба со минатата година. Парите се предвидени за развој на масовниот спорт и на рекреативните активности на граѓаните, поддршка на традиционални спортски манифестации, ученички и студентски спортски активности, како и […]

Страна 1 од 1