fbpx

Порталб: Договорот за депонијата „Русино“ постигнат, блокадата останува, што понатаму?

-

Договорот за доделување дозвола на Општина Гостивар за рехабилитација на депонијата „Русино“ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање беше постигнат, но сепак блокадата на патот што води од Гостивар кон оваа депонија нема да биде повлечена до потпишувањето на овој договор од сите градоначалници на полошкиот регион, рекоа за „Порталб.мк“ од организацискиот совет на „Стоп Русино“. Општина Гостивар ни ги соопшти своите планови по потпишувањето на последниот договор за ова, пишува „Порталб.мк“.

За што се договорија „Стоп Русино“, Општина Гостивар и Министерството за животна средина?

Како главни точки на дневниот ред на состанокот одржан помеѓу горенаведените институции, првично беше издавање дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Општина Гостивар за спроведување на брзи мерки за рехабилитација на оваа депонија, како и подолгорочен план.

1. Градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување со спроведување на брзи мерки за рехабилитација и подобрување на инфраструктурата во Русино.

2. Регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот регион, дополнет со план за наоѓање на нова локација во рок од пет години, што треба да го одобрат сите општини во регионот.

Од „Стоп Русино“, сепак, нема да ја повлечат блокадата, бидејќи тие бараат потписи како гаранција. Фади Шабани од оваа иницијатива го поздравува последниот договор поврзан со ова и информира дека на состанокот, кога беше потпишан овој договор присуствувале и претседателите на ограноците на повеќето политички партии.

„Од министерот за животна средина добивме гаранција дека во рок од пет години депонијата Русино ќе биде санирана и преместена. На состанокот што го одржавме, покрај членовите на граѓанската иницијатива Стоп Русино, на состанокот присуствуваа и градоначалникот на општина Гостивар и шефовите на ограноците на ДУИ, СДСМ, Движењето БЕСА и ВМРО “, рече Фадби Иљази, од „Стоп Русино“.

Сепак, тој додава дека блокадата нема да биде отстранета сè до моментот кога од оваа иницијатива ќе го видат последниот документ потпишан од советите на сите општини во полошкиот регион.

„Блокадата нема да се повлече сè додека не ни го донесат документот потпишан од градоначалниците на сите општини во Полог, директорот на полошкиот регион и министерот Нуредини. Чекаме ова да се случи наскоро, ги чекаме потписите како гаранција“, додаде Фадби Иљази.

Од општина Гостивар велат дека под „брзи мерки“ (прва фаза), подразбираат изградба на систем за третирање на протекувањето, односно изградба на канал во депонијата, објект за вработените и вага за мерење на возилата, кои ќе помогнат да се подобри состојбата во депонијата „Русино“.

„Општина Гостивар по постигнатиот договор со претставниците на иницијативата „Стоп Русино“ ќе даде согласност за инфраструктурниот проект, за да може да се интервенира на локацијата и истата да се стави под контрола. Усвојувањето на Регионалниот план за управување со отпад во полошкиот регион, кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од општинскиот совет во Гостивар е предуслов за обезбедување на финансиски средства. Тие се неопходни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот, ќе бидат одобрени по договорот на девет општини за времетраењето на регионалната депонија и нејзиното затворање за пет години“, велат за „Порталб.мк“ од Општина Гостивар.

Во меѓувреме, оваа општина информира дека втората фаза вклучува изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпад, изградба на станици за пренесување, набавка на камиони за собирање и транспортирање отпад, набавка на контејнери за избор на отпад и целосно затворање на 74 постојни диви депонии и отпад во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...