Општина Гостивар обвинува дека политичките опоненти ја уништуваат урбаната опрема

-

Општина Гостивар обвинува дека политичките опоненти ја уништуваат урбаната опрема низ градот. Уништени се реквизитите на детското игралиште во градскиот парк во Гостивар. Извадена е оградата и светилките, а расфрлани се делови од куќарките.

Од Општина Гостивар велат дека случајот го пријавиле во полиција и очекуваат сторителите да бида откриени. Се сомневаат дека вакви или слични оштетувања на урбаната опрема во градот е дело на нивните политички противници.

– Нашите политички опоненти чкртаат и по ѕидови по автобуски постројки, се со цел да ја деградираат работата на Општина Гостивар и градоначалникот Невзат Бејта. Без разлика на ваквите девијантни појави, гостиварската локална самоуправа и понатаму ќе работи за доброто на гостиварци и понатаму ќе гради игралишта – изјави шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Гостивар, Башким Хасани.

Детското игралиште во градскиот парк е донација од Турција во вредност од 40 илјади евра.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...