fbpx

Жителите на гостиварско Сушица со блокади ќе бараат изградба на патот кон селото

-

Кал и дупки длабоки половина метар. Во ваква состојба е патот кој води до гостиварското село Сушица. Мештаните велат дека земјениот пат уште повеќе се уништува од камионите на комуналните претпријатија од Полошко, кои по оваа делница го транспоритаат сметот до регионалната депонија Русино, која се наоѓа на само неколку километри од нивното село.

Жителите од Сушица за наредната недела најавуваат блокади на патот што води до депонијата Русино, кои ќе траат сè додека не почне изградбата на патниот правец, долг не повеќе од два километри.

– Тие длабоки дупки на овој земјен пат ги прават камионите. Особено кога врне дожд се прават огромни кратери, ги испокршивме автомобилите – вели жител на Сушица.

Локалните жители тврдат дека сметот се фрла и долж патот додека се транспортира до Русино.

– Сметот се истура покрај патот, а потоа завршува по нивите, реките и во потоците во овој крај. Цела природа ни е уништена. Тука веќе никој не се занимава со земјоделство – додава друг жител од ова гостиварско село.

Жителите велат дека Општина Гостивар се оградува од патот кој води кон Русино, кој според градоначалникот Невзат Бејта, треба заеднички да се изгради од сите шест општини од Полошкиот Регион, кои го користат овој пат, за да го транспортираат сметот до Русино.

Од кабинетот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која е претседателка на Центарот за Полошкиот Регион, соопштија дека засега нема никаков проект околу овој патен правец, но во соработка со другите општини, не ја исклучуваат можноста за изградба на делницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...