fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

Новинарите за борбата против дезинформации: И институциите и медиумите се одговорни

Дезинформациите се сериозен проблем прават голема штета. Тие придонесуваат за раздор во општеството. Потребно е институциите да се потранспарентни, а нивото на уредничка одговорност во медиумите да е повисоко. Ова е заклучокот по денешниот вебинар на тема „Проверка на факти и разоткривање на дезинформации - новинарски искуства“, на кој говореа новинарите Гоце Трпковски од „Призма“, Антонија Поповска од новинската агенција...

ДЕБАТА: Српските таблоиди и дезинформациите најголем проблем за новинарите од Западен Балкан

Говорот на омраза, таблоидното и клик бејт новинарство, личните податоци и етиката во новинарството се само дел од темите на кои два дена се дебатира на регионалниот состанок на саморегулаторните тела од Југоисточна Европа што се одржува во Белград. Новинари, медиумски работници, професори, експерти и членови на саморегулаторните тела дискутираат и наоѓаат решенија за клучните проблеми кои од локални...

Маричиќ: Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не, слободата на медиумите е апсолутна

Да немате дилеми дека Владата целосно стои зад заштита на медиумските слободи. Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела, а правото на протест е сосема легитимно, особено кога новинарите се чувствуваат загрозено, рече денеска вицепремиерот за европски...

Новинарите на протест: НЕ на цензурата

Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството. Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од протестот беа упатени повици властите...

ССНМ: Судот не смее да кажува кој е новинар

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека образложението на пресудата на граѓанскиот суд во случајот Кочо Анѓушев и компанијата „Брако“ против Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Сашка Цветковска е скандалозно, неприфатливо и незамисливо за едно демократско општество. „Со оваа пресуда која беше објавена вчера не се навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот...

Најсмртоносниот месец за медиумските работници – по еден новинар дневно го губи животот во Газа

Во просек по еден новинар дневно го губи животот откако започна израелската контраофанзива во Газа, како одговор на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Според Комитетот за заштита на новинари (CPJ) ова е најсмртоносниот месец за новинарите откако се води ваква статистика, односно од 1992 година. Според Комитетот, од 7 октомври годинава, убиени се најмалку 39 новинари, осум се ...

(ИНТЕРВЈУ) Тардагила: Новинарството е најдобрата професија во светот, а проверувачите на факти се неопходни

Кристина Тардагила е една инспиративна и енергична новинарка од Бразил, која е основач на Aгенцијата Лупа, првата иницијатива за проверка на факти во нејзината земја. Таа е поранешна директорка на Меѓународната мрежа за проверка на факти. Како новинар и/или уредник, Тардагила има работено во некои од најважните медиумски компании во Бразил и има објавено две книги. Благодарение на нејзиниот...

Низа препораки за власта во извештајот „Слободата на медиумите во Македонија – напредок на стаклени нозе“

Да се направи јавен фонд за поддршка на медиумите врз основа на објективни критериуми и со целосна независност, во согласност со постоечките европски стандарди, да се задржи строгата забрана за државно рекламирање во медиумите, да се става јасен воден печат на комуникациските материјали од Владата, за нивниот извор да ѝ биде јасен на јавноста, да се воведе законска регулатива...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Скандалозна пресуда на судијката Спировска Панева за новинарите на ИРЛ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) сметаат дека вчерашната судска пресуда против ИРЛ е поткопување на достоинството на новинарската професија, напад врз интегритетот на новинарите и на слободата на изразување во Македонија. На вчерашното судско рочиште во Основниот граѓански суд Скопје, судијата Јованка Спировска Панева...

ССНМ и ЗНМ ја осудуваат серијата откази во Клип Медиа Груп

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со огорченост ја примија веста за тековната постапка на отпуштања во една од најголемите медиумски групации во Македонија, Клип медиа груп, особено што најголем дел од нив се спроведуваат без никаква основа, со непочитување на основните работнички права и со нарушување на повеќе членови...

ССНМ го поздравува почетокот на решавање на проблемот на вработените во МИА

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници соопшти дека со одобрување ја дочекале Одлуката на Владата на РМ за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во АД МИА. Оваа одлука, вели ССНМ, била донесена од Управниот одбор на друштвото, но тие оценуваат дека ова е исполнување на само дел од барањата на вработените. „Со одлуката...

Нападната екипа на ТВ Алсат, повреден снимателот – ЗНМ бара реакција од МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага за нападот што денеска се случил врз новинарска екипа на Телевизија Алсат. Како што соопштија од Здружението, за време на снимањето инсерти за промо на емисија во Старата скопска чаршија на јавна површина, сопственик на берберница во чаршијата ги нападнал снимателот...

Почна ловот на новинари: Додик со акт клеветата ја прогласи за ново кривично дело

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на РС, пренесе Ослобоџење. Станува збор за измени кои практично клеветата ја прогласуваат за кривично дело. Овие измени беа усвоени од Народното собрание на РС на седницата на 20 јули годинава. Тоа значи дека секој што ќе верува дека...

Протестот на вработените во МИА ставен во мирување, се чека Ковачевски да го исполни ветувањето

Вработените во Медиумската Информативна Агенција – МИА, организирани од репрезентативниот синдикат на Агенцијата СМИА и ССНМ очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да го одржи ветувањетo кое го даде во интервјуто за МИА дека на наредна седница на Влада ќе го усвои предлогот за зголемување на платите на вработените во државната новинска агенција. До тогаш протестот се става во мирување, известува...

Вработените во МИА повторно на протест

Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) денеска повторно за време на паузата излегоа на протест за да го изразат незадоволството од непостапувањето по нивните барања, соопштија од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Ова е седми предупредувачки протест поради тоа што нивните барања за зголемување на платите не се најдоа на дневен ред на владината седница одржана на...

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на ТВ Телма од Судскиот совет

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан, се вели во заедничкото соопштение. „Припадници на МВР по наводна наредба на одговорните во Министерството за правда...

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионалниот однос кон новинарот Бајрами од Порталб.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе поднесе претставка до Министерството за внатрешни работи (МВР) заради попречување на новинарот Суад Бајрами од Порталб.мк при вршење на професионална работа од страна на полициски службеник. Во текот на вчерашната ноќ, за време на протест на вработените во ЈП Комунална хигиена - Скопје, новинарот Бајрами не бил во можност да ја...

ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ

Компанијата „Фероинвест” чиј сопственик е поранешниот вицепремиер за економија - Кочо Анѓушев, прави обид за јавна дискредитација на трудот на работата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), по најавата на нивната нова емисија за компанијата „Брако“ и модуларните болници, се вели во реакцијата на новинарските здруженија ЗНМ и ССНМ. Емисијата, како што велат, е поврзана и со трагедијата, односно пожарот во...

ЗНМ и ССНМ: Остра осуда за скандалозната одлука за воведување цензура од страна на „Слободен печат“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) излегоа со остра осуда на, како што велат, срамната постапка од страна на медиумот „Слободен печат“ да избрише текст кој го уредувал и објавил новинарот и уредник Жарко Настоски. Станува збор за текст со наслов „Владата полутајно му дозволила на милионерот Дестани да ги спои...

„Ќе се сретнеме ние двајца каде што живееш“ – ЗНМ со осуда за заканите врз новинарот Огнен Јанески

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои биле упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни на ТВ24. Како што информираат оттаму, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во тек“, која што е...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...