fbpx

ССНМ: Судот не смее да кажува кој е новинар

Пресудата со заклучок дека ИРЛ воопшто не смеела да го објави истражувањето претставува тежок преседан и удар на слободата на изразување и слободата на медиумите и води кон потенцијална цензура, вели ССНМ

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека образложението на пресудата на граѓанскиот суд во случајот Кочо Анѓушев и компанијата „Брако“ против Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Сашка Цветковска е скандалозно, неприфатливо и незамисливо за едно демократско општество.

„Со оваа пресуда која беше објавена вчера не се навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот вицепремиер Анѓушев во емисијата „Заговор против воздухот“ емитувана во 2021 година на МРТВ, туку се врши дискредитација на новинарите и на непрофитниот медиум ИРЛ сѐ со цел да се оправда пресудата на судијката Јованка Спировска-Панева“, се вели во реакцијата од новинарскиот синдикат.

Станува збор за опасен преседан на произволно толкување на законите од страна на судската власт, надвор од нејзините ингеренции, се нагласува во соопштението.

„Се поставува досега невиден и опасен преседан судот и државните институции да одредуваат што е медиум, кој е новинар и кој смее да се бави со новинарска дејност. ССНМ смета дека токму овие произволни и паушални толкувања на Законот за медиуми, како и на Законот за здруженија и фондации претставуваат пред сѐ залажување на јавноста од страна на судот со цел оправдување на оваа скандалозна и досега невидена одлука во македонското правосудство“, вели Синдикатот.

Во текстот се вели дека г„лавните спорни точки во пресудата се дека „ИРЛ нема својство на медиум“, дека „членовите на истото немаат својство на новинари“, дека не смеат да објавуваат новинарски обликувани емисии, ниту пак, да се претставуваат како новинари, ниту да се „бават со жанрот истражувачко новинарство“.

Пресудата со заклучок дека ИРЛ воопшто не смеела да го објави истражувањето претставува тежок преседан и удар на слободата на изразување и слободата на медиумите и води кон потенцијална цензура, вели ССНМ.

„Потенцираме дека оваа пресуда се коси со уставните начела на слобода на изразување и слобода на медиумите, како и со праксата на Европскиот суд за човекови права. Исто така, воведува уште поголем хаос во одлучувањето на граѓанскиот суд бидејќи одамна е воспоставена пракса дека изданијата на невладините организации се сметаат за медиуми“, се нагласува во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...