fbpx
Таг: насилство

таг: насилство

НСДП бара оставка од Чавков поради тепањето на студентите

Со вандализам, насилништво, полнење на гласачките кутии, импровизации без преседан, вчера владејачката партија успеа на криминален начин и со поддршка на полицијата да ги понижи студентите и директно да се вмеша во спроведување на скандалозни избори за студентски лидер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, реагираат од НСДП за вчерашните случувања на изборите за студентски лидер. Од НСДП истакнуваат дека...

Кривични пријави за насилство за двајца скопјани

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Р. (19) и Р.Р. (53), двајцата од Скопје, поради основан сомнеж дека извршиле насилство. Судија на претходна постапка на двајцата им одредил 30-дневен притвор. Како што соопшти МВР, на 15 јуни, околу 21.30 часот, на улицата Аврам Писевски во скопски Чаир, поточно на влезната врата од домот на оштетените, пријавениот И.Р. заѕвонил на ѕвончето и...

МВР: Да нема насилство на протестите и да не се напаѓа полицијата

Министерството за внатрешни работи денеска ги повика граѓаните да не прибегнуваат кон насилство и вандализам за време на протестите. „МВР апелира да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат. Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен“,...

ЗНМ: Спасовски да ги идентификува и да ги казни полицајците што тепаа новинари

Здружението на новинари на Македонија остро го осудува полициското насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје. „Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и врз четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наке Батев од „Вечер“, Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите...

Хан ги повика партиите и граѓаните да се воздржат од насилство

По протестите вечерва, кои втор ден се одржуваат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари од судски процеси, на „Твитер“ се огласи еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој порача граѓаните да бидат разумни и да се воздржат од насилство. - Повик до сите политички партии и разумни граѓани да се воздржат од насилни постапки....

Кирицис: Насилството врз бегалците е за осуда

Портпаролот на координативното тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис, остро реагираше на инцидентите на Идомени. Кирицис испрати порака до македонските власти да се воздржат од употреба на сила со бегалците, а апелираше и до бегалците да не веруваат во лажните информации за отворање на границата и на повиците за протести. „Употребата на солзавец, гумени куршуми и шок-бомби врз ранливи...

ЗНМ и ССНМ: Според обвинителството Неделковски не ширел говор на омраза

Обвинителката Јасмина Костевска Здравевска од Основното јавно обвинителство во Скопје како неосновано го одбила барањето за кривично гонење против Миленко Неделковски за ширење на говор на омраза и загрозување на сигурноста на граѓаните кое го поднесоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на медиуми и медиумски работници (ССНМ). - На наше големо изненадување, обвинителката го одби наше...

Уапсен менаџерот на кампањата на Трамп

Полицијата во Флорида денеска го упаси Кори Левандовски, менаџер на кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Како што се наведува во полициското соопштение, Левандовски е обвинет дека за време на предизборниот митинг на Трамп, одржан на 8 март, намерно и ја зграбил раката на поранешната новинарка на конзервативната медиумска куќа „Брајбарт“, Мишел Филдс, нанесувајќи и модринка. Трамп изјави дека Левандовски...

МВР презема мерки за расветлување на нападот врз Тодор Петров

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, е задржан на лекување во Ургентниот центар, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението од МВР пишува дека Петров бил физички нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица. „Од разговорот со повредениот добиени се првични информации дека тој околу 12.30 часот дошол во угостителскиот објект заедно со уште две...

ЕУ: Политичките лидери на Косово да се однесуваат одговорно

Европската Унија очекува од политичките лидери на Косово да се однесуваат одговорно и да работат на намалување на тензиите, а не на нивно продлабочување, реагираат од Брисел на вчерашните настани во Приштина. Од Брисел посочуваат дека насилство во кој било облик и од која било страна е неприфатливо, а реториката само ја продлабочува поделбата и го отежнува дијалогот. - Собранието на...

Обама сака да стави крај на „епидемијата на вооружено насилство“

Американскиот претседател Барак Обама задутре ќе разговара со државната обвинителка Лорета Линч за акциите што треба да се преземат во врска со контрола на оружјето. Обама во неделното радио-обраќање кон нацијата рече дека добил многу писма од родители, наставници и од деца за „епидемијата на вооружено насилство“ и оти не може да „седи беспомошно и да не преземе ништо“. Тој рече дека...

Заев: Нема институции кои ќе интервенираат за каков било вид на насилство

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати на завршната конференција „16 денови женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство“, што се одржа денеска во Скопје. Тој истакна дека не постојат институции кои директно се задолжени и имаат силна можност за интервенционизам, за каков било чин на насилство, особено насилството врз жените. - Во Македонија не можат да се набројат...

Одбележан денот против насилството врз жените

Со транспаренти во рацете како потсетник за жртвите на семејното насилство, со крвави лица и облека, активистките во Скопје денеска го одбележуваа 25 ноември, Меѓународниот ден против насилството врз жените. Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден против насилството врз жените, од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство најавија дека ќе продолжат со кампањата „365 дена активизам против насилство...

Нема траги на насилство на телото на Софески

На телото на 44-годишниот воен разузнавач Горан Софески немало траги на насилство, потврдуваат од МВР. Телото на Софески е најдено утрово, по 7 часот, за време на потрагата по него, откако вчера попладне негов братучед го пријавил исчезнувањето на разузнавачот кој тргнал на лов. Претпоставките на истрагата се дека Софески починал од природни причини.

Кумановец осомничен за лихварство и за насилство

Кумановската полиција поднела кривична пријава против 64-годишниот А.Ј., жител на градот, кој се товари за лихварство и за насилство. Како што информираат од полицијата, осомничениот во 2013 година со Д.Р. (65), управител на фирмата „Трик-трак“, склучил договор за заем од 49.500 американски долари, со месечна камата од 1,8 отсто и со неопределен рок на плаќање. Но, според полицијата, во септември...

Хелсиншки комитет постави „Ѕид на срамот“ на улица Македонија

Ниската свест кај граѓаните, непреземањето мерки од надлежните институции, како и неказнувањето на сторителите и слабата законска рамка се заклучоците од анализата на состојбата со говорот на омраза во Република Македонија подготвена од Хелсиншки комитет, објави „Радио Слободна Европа“. Елена Брбеска, поектна координаторка во Хелсиншкиот комитет, вели дека најголем број од пријавите на говор на омраза биле врз основа на...

ЗНМ: САД и ЕУ со осуда на насилството кон новинарите

По писмото што Здружението на новинарите на Македонија го испрати до сите релевантни организации каде Македонија е полноправна членка, како што се Обединетите нации, Советот на Европа и Ораганизацијата за безбедност и соработка во Европа, за алармантната состојба со насилството против новинарите, писмо за поддршка добиле од Американскиот стејт департмент и од Европската комисија, соопштуваат од ЗНМ. Во писмото се вели дека Соединетите...

Продолженa вонредната состојба во Фергусон

Властите во округот Сент Луис ја продолжија вонредната состојба во градот Фергусон за уште најмалку 24 часа. Вонредната состојба беше воведена три дена по избувнувањето на насилните протести за време на одбележување на годишнината од смртта на афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун, кој беше убиен од бел полицаец. Протестите од понеделникот се многу помирни и во последните 48 часа никој не е...

Малолетници тепале врсник со метална палка

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднел посебен извешај против тројца малолетници, врз основа на Законот за правда за деца, поради сомнеж дека извршиле насилство. Како што информираат од МВР, малолетниците на 31 јули оваа година, влегле во двор од куќа во Охрид и со метална палка на расклопување нападнале друг малолетник и му нанеле телесни повреди. „Истовремено, вршејќи...

Сите кои се сведоци или жртви на говор на омраза да ги пријават случаите

По повод 22 јули, Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, Комисијата за заштита од дискриминација ги повика сите граѓани кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза да ги пријават случаите, со оглед на тоа што, како што посочуваат од Комисијата, и дискриминацијата преставува мотив за кривични дела од омраза. - Комисијата за заштита од...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...