На телото на 44-годишниот воен разузнавач Горан Софески немало траги на насилство, потврдуваат од МВР.

Телото на Софески е најдено утрово, по 7 часот, за време на потрагата по него, откако вчера попладне негов братучед го пријавил исчезнувањето на разузнавачот кој тргнал на лов. Претпоставките на истрагата се дека Софески починал од природни причини.