fbpx
Таг: насилство

таг: насилство

Могерини и Хан: Насилството во Собранието е целосно неприфатливо, повикуваме на воздржаност

„Најостро ги осудуваме денешните напади на членовите на парламентот во Скопје. Насилство во парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и на воздржаност“, стои во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан. Тие ги повикуваат Министерството за внатрешни работи...

Иванов ќе се обрати до граѓаните во 22 часот

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати до граѓаните на Македонија, вечерва во 22 часот, информираат од неговиот кабинет. Обраќањето на Иванов следува по попладневните насилства во Собранието каде што демонстрантите од т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ влегоа во законодавниот дом. Има информации дека дел од пратениците се физички нападнати и повредени, со раскрвавени лица, меѓу кои е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев....

Стефансон во име на ЕУ и на САД: Сега не е време за насилство, ова е време за дијалог

Сега не е време за насилство, ова е време за дијалог, порача амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон, осудувајќи ги насилството и инцидентите во Собранието на Република Македонија, по изборот на Талат Џафери за нов спикер на законодавниот дом. - Слушнавме вознемирувачки вести за настаните во Собранието, кои резултираа со насилство и со инциденти. Маскирани напаѓачи извршија напади врз...

Груевски: Насилството не е решение, потребно е смирување на страстите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по денешната тензична атмосфера во Собранието, при што неколку пратеници беа повредени откако демонстрантите од т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ влегоа во законодавниот дом, преку својот профил на „Фејсбук“ повика на присебност и додаде дека насилството не е решение. „Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на...

Хан со осуда за нападот врз пратениците: На насилството не му е местото во Собранието

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил ги осуди насилствата и нападот на пратенциите во Собранието на Република Македонија, порачувајќи дека демократијата треба да продолжи по својот курс. „Најостро ги осудувам нападите на членовите на парламентот. На насилството не му е местото во Собранието. Демократијата мора да продолжи по својот курс“, напиша Хан на „Твитер“. https://twitter.com/JHahnEU/status/857654946010980352 Парлементарното...

СЕММ: Медиумите не смеат да се злоупотребуваат за кревање тензија

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството. Од СЕММ додаваат дека веќе подолго време реагираат на ваквите случаи, но во последните...

СДСМ: Институциите да не подлегнуваат на насилните сценарија на Груевски

Никола Груевски не смее да се заканува со насилство, тоа е противуставно и дело казниво по закон, порачуваат од СДСМ во утринското соопштение. Од партијата нагласуваат дека многу бргу ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а потоа и „новата реформска влада на унитарна Македонија, во согласност со деловникот, Уставот и со законите во Република Македонија“. „Груевски не е народот....

Доколку има потреба, МВР е подготвено да го брани Собранието

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја следи ситуацијата и доколку има нарушување на јавниот ред и мир, подготвено е да реагира, велат за „Мета“ од МВР, во врска со најавите за можно насилно влегување во Собранието. - Министерството за внатрешни работи има формирано оперативен штаб и ја следи ситуацијата на терен. Доколку дојде до нарушување на јавниот ред и мир,...

СДСМ бара одговорност за учесниците во инцидентот со Димитриевски

„Насилството врз легитимно избрани претставници од граѓаните е израз на немоќ на засегнатите од демократските промени што носат правда за сите во Македонија. Најостро го осудуваме физичкиот напад врз пратеникот Максим Димитриевски од, како што се информира, неколкумина полициски службеници, облечени во цивилна облека“, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата бараат од институциите веднаш да постапат и да има одговорност за нарачателите и за извршителите...

Пронајден мртов маж во тетовско Палчиште

Мртов маж е пронајден во тетовското село Палчиште, во канал меѓу две ниви во местото Пропаст, информираат од тетовската полиција. Се работи за 77-годишен маж од селото. Телото го пронашле неговите внуци, кои веднаш го пријавиле случајот во полиција. Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. На безживотно тело немало пронајдени траги...

Во пожар во Гватемала загинаа 19 малолетници, згрижени во дом за деца – жртви на насилство

Најмалку 19 малолетници загинаа во пожар во Гватемала во дом за деца кои се жртви на насилство, соопштија властите. Домот се наоѓа во општината Сан Хозе Пинула, кој е оддалечен 25 километри југозападно од главниот град на Гватемала. Во овој центар престојувале деца на возраст до 18 години. Засега нема информации за причините за пожарот.

„Цивил“: Омразата и насилството се кукавички акти на предавство!

„Цивил“ – Центар за слобода изрази најостра осуда на актите на насилство во Скопје и во другите градови во Република Македонија и повика итно да престане тепањето новинари и други медиумски работници што професионално ги извршуваат задачите. Невладината организација тоа го нарече тежок криминал и крајно неморален и кукавички чин, а како виновници и за овој инцидент, но и...

ЗНМ го осудува вербалното насилство на власта кон новинари

Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кој, како што велат од ЗНМ, е насочен против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира. „Ваквите напади имаат цел да ги заплашат и да ги замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја...

МВР да ги открие сторителите и нарачателите на физичко насилство, порача ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ синоќа го осуди физичкото насилството во последните три дена зад кое, како што соопштија, многу веројатно е дека стојат политички мотиви. „Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите и нарачателите на ваквото физичко насилство и да ги изнесе пред лицето на правдата. Непостапувањето или ненавременото постапување од страна на државните институции, ќе создаде атмосфера, овие...

Се интензивира фашистичката реторика во Европа и во САД, оценија ОН

Стандардите за заштита на човековите права во светот се под невиден притисок, соопштија синоќа Обединетите нации, предупредувајќи дека „фашистичката реторика“ станува застапена и во Европа и во САД. Говорејќи во пресрет на Меѓународниот ден за човекови права, кој е одбележува на 10 декември, високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, побара луѓето во светот за се спротивстават на...

Поднесени кривични пријави за насилство за двајца скопјани

СВР Скопје поднесе две кривични пријави против Б.Л. (20) од Скопје за две дела насилство и една кривична пријава за Д.П. (19) од Скопје кој заедно со првопријавениот учествувал во едно од кривичните дела. За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка на Б.Л. ме е одреден притвор во траење од осум дена. МВР соопшти дека во првиот...

Додик: На насилството од Сараево ќе одговориме со отцепување

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука на насилството од Сараево ќе одговори со отцепување од Босна и Херцеговина. Оваа изјава Докик ја даде за агенцијата „Спутник“ пред разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, како коментар на претходната изјава на командантот на босанската војска, Сафер Халиловиќ, кој се закани со насилство врз Република Српска ако референдумот...

СЈО нема да бара изземање на „сваровски-судијките“, засега

Специјалното јавно обвинителство засега нема да побара изземање на судијката Лидија Петровска, вели обвинителката Ленче Ристовска за „Мета“. - Засега нема да преземеме ништо, ќе почекаме да почне судењето и сè да биде официјално, па ќе одлучиме што ќе правиме – рече Ристовска. Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави СДСМ, во разговор воден меѓу судијката...

Хелсиншки комитет спроведе кампања против говор на омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведе билборд-кампања против говор на омраза, наменета пред се за граѓаните за да го препознаат тој говор. - Говорот на омраза сè почесто го исполнува јавниот простор во Македонија. Граѓаните се соочуваат со говор на омраза во медиумите, интернет просторот и секојдневниот живот. Дотолку пострашно, честопати ширењето на говор на омраза резултира со насилство и...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаа да го оспорат правото на студентите да изберат свој лидер

„СДСМ и „Сорос“ вчера се обидоа да го оспорат правото на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да изберат свој лидер“. Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните случувања на изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, кој денеска го соопшти членот на владејачката партија, Драган Данев. Тој обвини дека СДСМ и „Сорос“ се обиделе своите намери...