fbpx
Таг: насилство

таг: насилство

Радев ќе бара ЕУ да се ангажира во Македонија, Борисов разговарал со Иванов, Груевски и со Заев

Бугарија ќе настојува ЕУ повеќе да се ангажира за Македонија и да има јасна перспектива за иднината на сите земји од Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, при посетата на авиобазата „Граф Игнатиево“, известуваат бугарските медиуми. Радев порача дека решението за Македонија треба да се бара во рамките на ЕУ и на НАТО и рече оти претпоставува...

Руско МНР: Демонстрантите им се спротивставија на „натрапниците“

Руското министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост за вчерашните насилства во Собранието, а причината за нив ја лоцираше во „обидот на опозицијата преку грубо кршење на процедурите да избере претседател на Собранието“. Како резултат на тоа, велат од министерството, се случил „метеж во кој беа инволвирани демонстранти кои им се спротивставија на 'натрапниците', од кои дел беа хоспитализрани“. Руското...

„Мост“: Нападот врз пратениците и новинарите е напад врз демократијата

Граѓанската асоцијација „Мост“ го поздравува изборот на новиот претседател на Собранието во текот на вчерашното 20. продолжение на конститутивната седница. „Мнозинството во Собранието има целосно право да овозможи негово нормално функционирање преку завршување на конститутивната седница, односно избор на сите собраниски тела, вклучувајќи и претседател и потпретседатели на Собранието“, соопшти асоцијацијата. „Мост“ истовремено го осуди нападот врз пратениците и новинарите, а...

Европскиот центар за медиумски слободи и ССНМ бараат гонење на насилниците

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) ја пофали храброста на новинарите кои вчера известуваа и го документираа насилството и побара органите на прогонот веднаш да излезат со обвинителни акти. Истовремено, упати силна осуда за беснеењето и за пасивноста на полицијата. „Политиката на етикетирање, говор на омраза, вербално насилство кон новинарите која синоќа кулминираше во Собранието со напад...

Заев: Насилството го направија бандити и полицајци поттикнати од Груевски, Иванов и од Чавков

Насилството врз новинарите и врз пратениците е поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и од група нивни соработници кои ги погодува трансферот на власт и се подготвени за своите интереси да ги жртвуваат државните интереси, рече на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Насилството што се случи вчера не е демократска вредност. Насилството е резултат...

Приведени се 8 лица, Нухиу го смени Чавков од челната позиција на оперативниот штаб на МВР

За вчерашните насилни настани во Собранието, во кои беа повредени неколку пратеници, во полициска станица Гази Баба приведени се осум лица со кои сè уште се работи, информираше денеска на прес-конференција помошник-министерот за односи со јавноста и за стратешки прашања при МВР, Јордан Ламановски, кој додаде дека обезбеден е видеоматеријал за идентификација и за откривање на можни сторители. Ламановски соопшти дека со...

Грчко МНР: Без компромис и консензус се создаваат безизлезни и избувливи ситуации

Со тага и со загриженост, гледаме дека Македонија назадува во длабока политичка криза и за таа да се реши, треба партиите да покажат почитување на принципите на демократијата, законитоста и на владеењето на правото, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Грција. „Без почит за култура на компромис и консензус, се создаваат безизлезни и избувливи ситуации. Грција која...

И МНР се изјасни: Имало повод граѓаните така да реагираат, потсетуваат на лидерската

Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку соопштение силно го осуди секој акт на насилство, вклучително и вчерашниот насилен инцидент во Собранието на Република Македонија и порача дека тоа никако не смее да биде начин за справување со предизвиците. „Обидот за избор на претседател на Собранието, надвор од процедурите пропишани со Уставот и со законите на Република Македонија, како и...

ДС: Упадот во Собранието е подготвено сценарио со учество на раководители од МВР

Демократскиот сојуз бара политичка и правна одговорност за инспираторите, организаторите и за директните учесници во вчерашните насилства во Собранието, во кои беа нападнати пратеници и новинари. Од партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов велат дека насилниот упад е однапред подготвено сценарио со директно учество на високи раководители од Минитерството за внатрешни работи. „Демократскиот сојуз инсистира на кадровски промени во МВР и...

Дачиќ: Кризата во Македонија е регионален проблем

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека политичката криза во Македонија не е само локален, туку и регионален проблем и дека меѓународната заедница не интервенирала за да дојде до компромис туку за да се прифати една опција. - Ситуацијата не е добра. Србија ќе помогне колку што може, но ние можеме само да апелираме за мир и...

Могерини: Тоа што го видовме во Скопје е многу тажно за сите нас

Тоа што го видовме вчера во Скопје е особено загрижувачко и многу тажно за сите нас, изјави денеска во Валета на Малта, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Синоќешните случувања во македонското собрание беа првата тема што пред новинарите ја отвори Могерини, непосредно пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите...

Албанско МНР: Политичарите да покажат умереност и да избегнат запалива реторика

Албанското Министерство за надворешни работи преку соопштение до јавноста изрази загриженост за насилствата во македонското собрание. „Таквите судири и сцени на насилство против претставници избрани од граѓаните на Македонија се неприфатливи и не се достојни за парламентарна демократија. Насилството воопшто не помага во решавање на настаната ситуација. Ги повикуваме силите за безбедност да се вклучат во зачувување на јавниот ред...

Обвинителството „будно“ ги следи настаните по насилствата во Собранието

Јавното обвинителство на Република Македонија утрово соопшти дека „будно“ ги следи настаните во врска со синоќешните насилства во Собранието и „презема мерки за нивно расветлување и за утврдување на фактите“. Оттаму информираат дека од вчера во обвинителството биле воведени вонредни дежурства, а надлежните јавни обвинители се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи. „Во согласност со своите надлежности, Јавното обвинителство...

СЕММ: МВР и обвинителството да ги расчистат инцидентите во Собранието и нападите на новинари

Советот за етика во медиумите (СЕММ) бара итна реакција на полицијата и на Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и за расчистување на вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми. „Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив...

СДСМ: Демократските процеси продолжуваат, граѓаните да останат смирени

Демократските процеси продолжуваат по легитимниот избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија, порачаа од СДСМ во редовното утринско соопштение, а по вчерашните случувања и по насилството во Собранието, во кое беа повредени неколку пратеници, меѓу кои и лидерот на партијата, Зоран Заев. „Домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржаа деблокадата на Собранието. Исто така, јасно ја испратија пораката...

Беса: МВР им дозволи на хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да го нападнат Собранието

Движењето Беса најостро ги осуди инцидентите и нападот во Собранието и ги повика државните органи што се надлежни за обезбедување на јавниот ред и мир да застанат во одбрана на државните институции и на безбедноста на граѓаните. „Констатираме дека тоа што Министерството за внатрешни работи им дозволи на хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да ја нападнат највисоката законодавна институција, е знак дека Македонија...

Граѓани од Охрид самоиницијативно се упатуваат кон Скопје

Од Охрид, градот во кој се протестираше речиси секоја вечер откако т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ ги почна собирањата во Скопје и во другите македонски градови, и од каде потекнува Богдан Илиевски, еден од водачите, вечерва поединци и групи самоиницијативно се организирале и со свои приватни возила тргнале за Скопје. Засега нема информации дека е ангажиран автобус за патување во...

СДСМ: Иванов е еднакво виновен за крвавото сценарио во Собранието

Иванов, еднакво со Груевски и со Вељаноски, е виновен за крвавото сценарио во Собранието и за тоа ќе сноси сериозна одговорност, стои во реакцијата на СДСМ на вечерашното обраќање на претседателот на државата до граѓаните. „Ѓорге Иванов е извршителот на Никола Груевски. Иванов работеше спротивно на Уставот и на своите должности пред граѓаните, со тоа што го поддржа насилството на Груевски и...

Иванов апелира за смирување на тензиите и повика на лидерска средба во неговиот кабинет

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва упати апел за смирување на тензиите и на ненасилство и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет. - Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија, ве повикувам да бидете смирени. Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате...

Рама: Не го сакаме крајот на Македонија, туку нејзина демократизација

„Ескалацијата на насилството е бесмислена блокада на парламентот во Македонија. Она што можам да го кажам е дека Албанците во Македонија треба да останат присебни и да не потпаѓаат на провокации. Ние не го сакаме крајот на Македонија, туку нејзина демократизација, консолидација и интеграција на евроатлантската патека“, порача албанскиот премиер Еди Рама, гостувајќи во политичка емисија на албанската телевизија...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...