fbpx

„Мост“: Нападот врз пратениците и новинарите е напад врз демократијата

-

Граѓанската асоцијација „Мост“ го поздравува изборот на новиот претседател на Собранието во текот на вчерашното 20. продолжение на конститутивната седница.

„Мнозинството во Собранието има целосно право да овозможи негово нормално функционирање преку завршување на конститутивната седница, односно избор на сите собраниски тела, вклучувајќи и претседател и потпретседатели на Собранието“, соопшти асоцијацијата.

„Мост“ истовремено го осуди нападот врз пратениците и новинарите, а вината за дивеењето ја гледа во полицијата.

„Граѓанската асоцијација „Мост“ најостро го осудува нападот врз дел од пратениците од мнозинството. Слабата, неефикасна и ненавремена реакција на полицијата, која овозможи граѓаните да влезат во Собранието, е скандалозна и недозволива. Ваков чин не смее да се случи во едно демократско општество и претставува вршење на повеќе кривични дела, а за најтешкото од нив е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотно“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...