fbpx

СДСМ: Институциите да не подлегнуваат на насилните сценарија на Груевски

-

Никола Груевски не смее да се заканува со насилство, тоа е противуставно и дело казниво по закон, порачуваат од СДСМ во утринското соопштение. Од партијата нагласуваат дека многу бргу ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а потоа и „новата реформска влада на унитарна Македонија, во согласност со деловникот, Уставот и со законите во Република Македонија“.

„Груевски не е народот. Тој не е фактор. Граѓаните се фактор, а тие избраа заедништво, правда и промени и тие ќе се случат. Мирен трансфер на власта е врвен државен интерес на граѓаните и на Македонија! Секој кој ќе се обиде да ја попречи волјата на мнозинството и да дејствува спротивно на државните интереси, ќе се соочи со својата одговорност“, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека Груевски има „интерес да ја дестабилизира државата затоа што се надева дека така ќе избегне одговорност за криминалот“.

„Укажуваме на институциите и на вработение во нив, дека има ново парламентарно мнозинство и дека се должни да ги овозможат демократските процеси во согласност со мнозинската волја на граѓаните од изборите. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција“, порачуваат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...