fbpx

ЗНМ го осудува вербалното насилство на власта кон новинари

-

Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кој, како што велат од ЗНМ, е насочен против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

„Ваквите напади имаат цел да ги заплашат и да ги замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во земјата. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, за наводно корумпирање на новинарите, е чиста замена на тези на досегашната власт, која нема храброст да се соочи со сопствената одговорност за масовната злоупотреба за медиумите за политички цели“, велат од ЗНМ.

Од ЗНМ посочуваат дека изјавите на директорот на Архивот на Македонија, Филип Петровски, за расчистување со медиумите на Сорос, се еклатантен пример на повикување на јавен линч против неистомислениците на власта.

Од здружението ги осудија и навредите на градоначалникот на Берово против новинарката Даниела Такева и ги оценија како недолични за еден градоначалник и под секое ниво на домашно воспитување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...