Кривични пријави за насилство за двајца скопјани

-

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Р. (19) и Р.Р. (53), двајцата од Скопје, поради основан сомнеж дека извршиле насилство. Судија на претходна постапка на двајцата им одредил 30-дневен притвор.

Како што соопшти МВР, на 15 јуни, околу 21.30 часот, на улицата Аврам Писевски во скопски Чаир, поточно на влезната врата од домот на оштетените, пријавениот И.Р. заѕвонил на ѕвончето и откако вратата ја отворила сопругата (односно мајка) на оштетениот, И.Р. го побарал нејзиниот син. Тој се појавил на влезната врата заедно со татко му, при што го виделе првопријавениот кој во рацете имал дрвена палка и нож и второпријавениот кој во раката имал чекан. Откако И.Р. им се обратил со зборовите „Вие ли женско ќе тепате“, тој заедно со Р.Р. физички ги нападнале оштетените.

И.Р. со нож му нанел неколку рани на оштетениот (татко) во пределот на градниот кош и на абдоменот, по што овој бил повлечен кон внатре страна на неговиот син. Откако оштетените ја заклучиле вратата, од И.Р. и Р.Р. биле искршени и парчиња стакло од влезната врата. Сторителите непосредно по извршување на кривичното дело, од страна на полициски службеници од полициската станица Бит Пазар, биле затекнати на местото на настанот и лишени од слобода.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, беа извршени проверки во Ургентен центар при Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје – во врска со видот и со карактерот на повредите, при што усно им било појаснето дека оштетениот (татко) има тешки телесни повреди, односно три убодни рани во пределот на градниот кош од левата страна и три убодни рани во пределот на абдоменот од левата страна и дека се наоѓа во животно загрозувачка здравствена состојба, така што е задржан на КАРИЛ, додека кај другиот оштетен (син) се констатирани телесни повреди во вид на гребнатини и расеченици во пределот на глуждот од левата нога.

Во врска со пријавениот настан, известен е дежурен јавен обвинител, кој не излезе на местото на настанот, а увидот го препушти на увидна екипа од ЕУМНА при СВР Скопје.

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел за употреба во Газа, што предизвика критики од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Би-Би-Си. Макрон за...