fbpx

Најавен ден на „Мајкрософт“ посветен на граѓанскиот сектор

-

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со локалната канцеларија на „Мајкрософт Македонија“, задутре, 21 јуни, организира ден на „Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“.

Настанот, кој задутре во 10 часот ќе се одржи во Конгресниот центар на Скопски саем, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за нивните можности како да добијат софтверски донации од програмата на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија ја спроведува „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“.

На настанот ќе бидат презентирани совети и конкретни примери на фукционалностите на „офис 2016“ за продуктивност, тимска работа и креативност, а ќе биде презентирана и новата понуда од „Мајкрософт“ за невладините организации: Платформа за податоци и „Power BI“, како и други технологии што придонесуваат во подобрувањето на работата на граѓанските организации.

Бројот на учесници е ограничен, поради што пријавувањето ќе трае до 20 јуни, до 18 часот. Селекцијата на пријавените учесници ќе биде извршена според редоследот на пријавување. За учесниците од други градови, ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...