Одбележан денот против насилството врз жените

-

Со транспаренти во рацете како потсетник за жртвите на семејното насилство, со крвави лица и облека, активистките во Скопје денеска го одбележуваа 25 ноември, Меѓународниот ден против насилството врз жените.

16

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден против насилството врз жените, од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство најавија дека ќе продолжат со кампањата „365 дена активизам против насилство врз жените“.

„Оваа година се случија уште четири убиства на жени. Минатата година бројката на овој ден беше 16 убиени жени во последните шест години, а на 25 ноември медиумите јавија за уште едно трикратно убиство. За една година имаме вкупно седум жртви на семејно насилство“, потсетуваат од мрежата.

Оттаму велат дека државата изминатата година не направила ништо за да ја подобри состојбата, во однос на сервисите за заштита и за поддршка на жртвите на семејно насилство.

Тие бараат ратификација на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, како најсеопфатен меѓународен договор во оваа област во кој насилството врз жените е препознаено и дефинирано како кршење на човековите права. Во моментот Македонија е единствената земја во регинот која сè уште ја нема ратификувано конвенцијата.

 

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...