ИД ја презеде одговорноста за нападот во Тунис

Терористичката група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот на автобусот на безбедносните служби на тунискиот претседетел.

Во соопштението на терористичката група пишува дека напаѓачот е туниски државјанин, кој го носи името Абу Абдалах ал-Туниси. Тој имал појас со екплозив со кој влегол во автобусот.

Во нападот загинаа најмаку  12 лица, а тунискиот претседател воведе вонредна состојба и полициски час во центарот на градот за период од 30 дена.