fbpx
Таг: N2023ttsv

таг: n2023ttsv

Путин со дезинфо наратив – Западот ја почна војната во Украина, Русија само се бранеше

Најновиот говор на рускиот претседател Владимир Путин беше искористен да се пласира еден стар руски наратив околу Украина – Русија само се бранеше. Овој наратив беше обновен и засилен со два-три поднаративи, а беа споменати и „нацизмот“ и „русофобијата“. Овој дезинфо наратив за Западот како главен виновник е и варијација на темата „Украина е главен виновник“, што Путин ја употреби...

Во што се состои „тајниот шарм“ на Кина во земјава

Во најновиот документ за политики, издаден годинава од Фондацијата за слобода Фридрих Науман, во соработка со Софискиот безбедносен форум, а изведен од мрежа на национални експерти во Југоисточна Европа (ЈИЕ), се вели дека и покрај сè, македонските граѓани и натаму имаат поволно мислење за Кина, не поради „материјалното влијание на соработката, но поради чувството за можности што Кина знае да го инспирира“, пишува Вистиномер...

Нова изјава дека Русија е најголемиот добитник од влошените односи меѓу Скопје и Софија

Весела Чернева, директор на Европскиот совет за надворешна политика во Софија е уште една од низата актери во бугарскиот јавен простор која даде потврда на тезите за рускиот бенефит од лошите односи меѓу Бугарија и С. Македонија, пишува Вистиномер во текстот кој го пренесуваме во целост. Дека влошувањето на односите меѓу С. Македонија и Бугарија одат во корист на трети...

Западот не ги завел Русија и Украина да војуваат за нивна пропаст, туку Украина се брани од руската агресија

Украина и Русија не се „заведени од Западот да војуваат за нивна пропаст”, како што се тврди во постот, туку Украина, како суверена држава, признаена и членка на ОН е жртва на агресија од својот сосед Русија која официјално анектира нејзина територија. Украина војува да се ослободи, односно ја брани својата независност, а Русија војува за да приграби што...

Ист ИБАН број за донации за Турција и за Украина не значи дека се прави манипулација со парите

Постот што го рецензираме е манипулативен и му недостасува контекст. Тоа што на ист ИБАН број –  меѓународен број на банкарска сметка, се собираат донации за настраданите во Турција и помош на Украина, не значи дека се прави манипулација со парите. На иста меѓународна банкарска сметка сметка може да се донираат пари за настраданите во Турција и Сирија, со...

Петте најупотребувани дезинформациски наративи околу Украина ја извртуваат сликата за „жртвата и агресорот“

Пред неколку дена во Брисел беше објавен Првиот извештај за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS), во кој за периодот октомври-декември 2022 г. биле идентификувани 100 такви инциденти, при што најголемиот дел доаѓале од Русија, а потоа помал дел и од Кина. Во него се групирани и петте...

Контраспин: Левица формално не е против зачленување во ЕУ, ама суштински е

„Не во ЕУ по секоја цена“ поради „тектонски геополитички промени“ и поради „губење на интегритет и суверенитетот на земјата“ со сите договори досега. Така вели членката на Президиумот на Левица Јована Мојсоска. Ако во исто време не се кажува јасно алтернативата, која, нели, „секогаш ја има“,  Левица ја извртува вистината дека е само анти НАТО, а не и анти...

Се засилуваат про-Кремљ дезинформациите: Сите освен Русија се „нацисти“!

Кремљ со засилена брзина го проширува кругот на „нацистите“. Прво започна од украинските власти, а сега продолжи да го етикетира целото население и секој што ја поддржува Украина. И додека Украина продолжува да ги ослободува окупираните територии, реториката на руската страна во контекст на нацизмот се зацврстува и станува сè поекстремна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Македонската демократија меѓу „хибриден режим“ и „нецелосна демократија“

Едно место напредок, на 72 место од 167 земји, но сепак на дното од списокот земји со „нецелосна демократија“. Вака е рангирана Северна Македонија во најновиот „Индекс на демократијата“ за 2022 година, што секоја година го објавува британската компанија за деловни истражувања, The Economist Intelligence Unit (EIU) , пишува „Вистиномер“ во својот напис. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   И натаму главен...

Руската амбасада реагира на Османи, немало докази оти сакале конфликт меѓу Македонија и Бугарија

Амбасадата на Руската Федерација во земјава денеска реагираше на изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи што ја даде во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Османи изјави дека Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во регионот на Балканот, со цел полесно да може да се манифестира влијание. „Јас...

(Не)видливата „руска рака“ во последниот круг заострување меѓу Софија и Скопје

Иако постојат варијaции на темата каде е поголемо руското влијание при последната ескалација на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, сосема е извесно дека повеќе сериозни извори се согласни дека тоа постои. Несомнено се присутни и голем број информации и дезинформации околу ова прашање и тие се во функција на таа ескалација, со веројатно крајна цел да се држи...

Регистар на руски шпиони идентификува 42 лица уапсени додека делувале во Европа

Регистар на руски шпиони во Европа објавен на Твитер, идентификува 42 лица, кои делувале во своите земји, за што добивале пари од Руската Федерација. Овој регистер е оформен врз основа на отворените податоци и информации за апсења или судења на овие идентификувани руски шпиони за изминатите пет години, , пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Бугарија...

Контраспин: Причините за блокадите се во Софија, а не во Скопје

Иако може да се дискутира за техниката на водењето на македонската политика во секојдневните односи со Бугарија, причините за новите блокади не се во Скопје, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Бугарија има свои цели што сака да ги оствари во рамките на билатералните односи со РСМ, користејќи го притоа и евроинтеграцискиот процес и факт е дека во тие цели спаѓа...

Не е точно дека западните медиуми повикуваат на геноцид на сите Руси

Овој пост е со пропуштен контекст. Точно е дека Меланија Подолијак го напишала твитот, но подоцна тој е отстранет поради злоупотреба на правилата на Твитер. Наспроти изнесеното во постот, нејзините ставови на Твитер не се поврзани со нејзините гостувања во западните медиуми. Прво, тие гостувања биле неколку месеци пред објавениот твит и второ, гостувањата се однесуваат на нејзините ставови...

По изјавата на Пендаровски за руско влијание, Захариева возвраќа дека тој работел за Белград и Москва

Екатерина Захариева, поранешната бугарска министерка за надворешни работи (2017-2021) и актуелен претседател на Комисијата за надворешна политика во актуелниот состав на бугарскиот парламент во интервју за бугарската приватна новинска агенција БГНЕС обвини дека агресијата против „македонските Бугари“ се случува под толерантен поглед на властите во Република Северна Македонија, но и дека македонскиот претседател Стево Пендаровски не ги штити интересите...

Учесниците на состанокот во Давос не планираат каде ќе има војни, болести и глад

Не е вистина дека на состанокот во Давос се дискутира за тоа каде во иднина да се креираат војни, болести и глад. На состаноците на Светскиот економски форум се дискутира за предизвиците со кои се соочува светот, за веќе актуелни и постоечки проблеми од глобален карактер. Во врска со делот од постот каде учесниците во Давос се поистоветуваат со...

Путин ја обнови главната дезинформациска мантра – војната ја почнала Украина, а Русија војува за мир

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на два одвоени настана во Санкт Петерсбург, ја обнови главната дезинформација што ја шири Москва како оправдување за нејзината агресија врз Украина што започна на 24.02.2022 година: за војната се виновни Украинците затоа што од превратот во 2014 година трае геноцидот врз руското население во Донбас, па на Русија не ѝ остана ништо друго...

Пост на социјалните мрежи манипулира со лажни дојави за бомби во училиштата

Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен и му недостига контекст. Точно е дека МВР уапсило 55-годишна жена осомничена за лажни дојави за бомби, но таа нема никаква врска со дојавите кои претходно биле испратени од мејл адреси од странство, за кои министерот Спасовски посочи дека се хибридни закани. Жената, инаку лице со здравствени проблеми, ден пред да...

Каква алтернатива ни е Русија со плата од 400 евра, земја на 136 место на листата на корупција, праша Претседателот Пендаровски

Исток или Запад? Таа дилема за претседателот Стево Пендаровски е непотребна. Какви решенија за сиромаштијата и корупцијата може да биде Русија, ако таму просечната плата е пониска од македонската, а корупцијата повисока. Со прашање одговори Пендаровски на тркалезната маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Украина ќе биде приоритет за време на македонското претседавање со ОБСЕ

Агресијата мора да престане. Убивањата и опустошувањата на цивилното население се неприфатливи, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи на првата прес-конференција на македонското едногодишно претседавање со ОБСЕ, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Под слоганот „За луѓето се работи“, Македонија на 12 јануари 2023 година и официјално, на првата прес-конференција ги презентираше приоритетите за едногодишното претседавање со ОБСЕ....