fbpx

Пост на социјалните мрежи манипулира со лажни дојави за бомби во училиштата

-

Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен и му недостига контекст. Точно е дека МВР уапсило 55-годишна жена осомничена за лажни дојави за бомби, но таа нема никаква врска со дојавите кои претходно биле испратени од мејл адреси од странство, за кои министерот Спасовски посочи дека се хибридни закани. Жената, инаку лице со здравствени проблеми, ден пред да биде уапсена, по телефон пријавила дека се поставени бомби во некои училишта, по што веднаш била приведена, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук манипулира со една доста сензитивна тема, а тоа се дојавите за лажни бомби кои во последниот период се пријавуваа во училиштата, но и во некои државни институции и трговски центри и кои во  голема мера ги вознемирија граѓаните.

Ви текнува како тоа цели ТРИ месеци сајбер експертите на Оливер Спасовски не убедуваа дека дојавите за бомби по скопските училишта праќани по мејлови доаѓаат од странство,како било тешко да се лоцираат и откријат,како биле максимално ангажирани!???
Епа ете денес уапсиле 55 годишна госпоѓа од Скопје!!!
Или видоа дека со ваков начин на заплашување и внесување страв кај лугето не можат да направат де фокус од вистинските проблеми и криминали кои тие,сдс-дуи секојдневно ги произведуваа па ај да кажеме дека сторителот е уапсен!!!, пишува во постот.

Постот тврди дека зад дојавите за лажните бомби во училиштата стоела 55-годишна жена од Скопје и дека Министерството за внатрешни работи ја замајувало јавноста дека мејловите за заканите биле испаќани од странство. Но, јавноста се замајува токму со тврдењата изнесени во постот, кои се пренесени на начин да се изврти реалната состојба и со тоа да се манипулираат граѓаните.

За што, всушност, станува  збор?

Точно е дека МВР на 12 јануари објави информација дека уапсиле 55-годишна скопјанка за лажни дојави за бомби. Но, во  соопштението на МВР никаде не се спомнува дека жената по мејл испраќала дојави и дека станува збор за претходно пријавените случаи на дојави за бомби во училиштата. Она што МВР го соопшти е дека жената ден пред да биде уапсена, на 11 јануари 2023 година, од мобилен телефон се јавила во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и пријавила дека се поставени експлозивни направи во скопски училишта.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена, соопштија од МВР.

Значи жената немала апсолутно никаква врска со претходно пријавените дојави за бомби.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, досега во неколку наврати изјави дека станува збор за дојави испраќани од мејл адреси од странство и дека се работи за хибридни закани кои земаат замав на глобално ниво.

Пораките се пуштени од надвор од државата. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот тој процес и во тој дел навистина работиме максимално посветено, со помош на нашите партнери, се со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните, објасни министерот Спасовски.

Тој потенцираше дека сите капацитети на безбедносните служби, од почетокот на мандатот на ова раководство на МВР, се посветени кон сериозна заштита на сите граѓани на државата во сите сегменти, меѓу кои и во сајбер-безбедноста, која во денешни услови исклучително доаѓа до израз.

На почетокот на јануари, Спасовски изјави дека се водат истраги за сите случаи на пријави за бомби и дека за неколку од нив се обезбедени докази и се реализирани.

Имаме докази за дојавите во Скопје, во Кавдарци, за дојавите во Делчево. Работиме и се уште сме на добар пат за уште еден настан за во Скопје да се открие. Во потполност сите служби кои што се во овој дел на борбата против тероризмот, сајбер криминалот, дигиталната форензика, заедно со безбедносните служби со нашите партнерски служби исклучиво сме посветени на овој дел да работи посебен кризен штаб кој што е во овој сегмент, формиран во рамките на МВР. Знаете дека се формираше и посебен оперативен штаб во Владата и таму се преземаат одредени мерки. Меѓутоа таму сигурно ќе дадат информација од Владата во однос на состојбите, рече Спасовски при посетата на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...