fbpx
Таг: N2023ttsv

таг: n2023ttsv

Цел свет знае кој е Путин – остри реакции од САД и ЕУ до Република Српска која го одликува рускиот претседател

Доделувањето на највисокото одликување – „Орденот на Република Српска“ на Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, е за осуда, а застанувањето на страната на Путин во такви околности, значи меѓународно изолирање на Република Српска и нејзините лидери. Вака реагираа амбасадата на САД во Сараево и Европската Унија, откако претседателот на Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари 2023 година...

ТОП 5 појави на штетни странски влијанија во С. Македонија во 2022 година

Пропагандната машинерија на Кремљ доминира во ширењето на дезинформациите, но на хоризонтот се појавува и кинеската пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Русија води војна во Украина, но руската пропаганда води војна во целиот свет. Таа војна во 2022 година имаше различни цели. Примарна беше да ја соопшти „руската вистина за специјалната операција“. Неретко цел...

ЕТИАС: Седумте евра такса и онлајн формуларот за влез во ЕУ немаат влијание врз визната либерализација

„ЕТИАС не е виза. Исполнувањето на барањата на ЕТИАС значи дека не ви треба виза за да влезете во земјите-членки“, пишува на веб-страницата на Европскиот систем за одобрување на патувања, кој ќе се воведе наредната година, а со кој патниците кои не се државјани на некоја од земјите членки на ЕУ ќе мораат да пополнат формулар на интернет и...

Не е вистина дека ќе ѝ ги донираме хеликоптерите на Украина

Објава на Фејсбук шири невистини дека нашата земја ќе ѝ донира хеликоптери на Украина. Вистиномер праша во Министерството за одбрана, од каде што ни одговорија дека „нема таква одлука и во овој момент не се размислува за таква донација“. Ваквата дезинформација се појави откако медиумите информираа дека државата потпишала договор со Чешка за ремонт на два хеликоптера. Но, во...

Фотошопирана фотографија од Зеленски, Бајден и првата дама на САД стана вирална на социјалните мрежи

Oваа објава е невистинита, виралната фотографија на којашто е прикажано дека американскиот претседтел Џо Бајден, наводно, ја ставил раката на задникот на Зеленски е дигитално изменета. Станува збор за манипулирана верзија на официјална фотографија споделена од новинарскиот тим на Белата куќа, на којашто се гледа како првата дама Џил Бајден и нејзиниот сопруг го допираат Зеленски на грбот, со рацете...

ТОП 7 дезинформации за украинскиот претседател Володимир Зеленски

Претседателот на Украина, Волдомир Зеленски ја води украинската држава од 2019 година кога извојува убедлива победа над тогашниот претседател Петро Порошенко. Но неговото лидерство за време на руската инвазија врз Украина му донесе глобално признание, но и глобални напади на неговата личност и стана прва мета на дезинформации поврзани со оваа војна која се води повеќе од десет месеци,...

Контраспин: Бојкотот на собраниската комисија „за бомбите“ како протест поради ускратена јавност е спин

Ако цело време додека траат заканите за бомби ВМРО-ДПМНЕ комуницира со јавноста дека за тоа е виновна неспособноста на власта и некапацитетноста на МВР, а во исто време бараат подетални информации кои кога имаат шанса да ги добијат ја бојкотираат седницата, само затоа што биле класифицирани како државна тајна, тогаш оваа недоследност, претставена како протест поради ускратена јавност, може...

ТОП 5 дезинформации за војната во Украина во 2022 година

Војната во Украина, покрај тоа што произведе големи страдања, воени и цивилни жртви, стотици милијарди долари унитшена инфраструктура, таа произведува и редовен наплив на дезинформации. Значителен дел од нив пристигнуваат и во С. Македонија со цел да ги замаглат фактите и да му помогнат на Кремљ во борбата за јавното мислење во земјава, пред сѐ, за да ја оправда...

Контраспин: Апасиев без аргумент спинува дека народот е проруски

Резултатите од истражувањата на јавното мислење, колку и да се со стапици, сепак остануваат еден од најрелевантните аргументи кога се искажуваат ставови за мислењата или ориентираноста на граѓаните. Од неколку анкети може да се констатира дека постојат проруски чувства во РСМ , тие не се за занемарување, но исто така, факт е дека мнозинството од граѓаните сепак се прозападно...

Не е точно дека повеќе од 70 проценти од Македонците се против ЕУ и НАТО

Наспроти тврдењата во постот анкетата на ИРИ покажа силна поддршка за членството во ЕУ, и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021. Седумдесет и три проценти од Македонците сакаат да се приклучат кон Европската Унија, додека дваесет и четири проценти преферираат да не се приклучат. На прашањето: Дали го поддржувате членството на Северна Македонија во НАТО? седумдесет...

Мекото влијание на Кина за долгорочно позиционирање во регионот

И покрај растечкото влијание во регионот, Кина најверојатно нема да ја замени ЕУ, политички или економски, ниту пак, НАТО како воено-безбедносен партнер на Балканот. Пекинг ја игра долгата игра и нема да влезе во отворена конфронтација за регионот, но затоа ќе продолжи да ги користи финансиските и економските лостови за да го зголемува своето влијание. Во анализата  на Европскиот...

„Западот, Истокот и јас“: Про-Кремљ пропаганда која згасна откако само четирипати излезе во трафиките

Во земјава неретка е појавата и феноменот што го претставуваше весникот „Западот, Истокот и јас“, кој во октомври го објави првиот број, а веќе во ноември последниот. За време на важни и клучни политички, геостратешки случувања, а и за време на пандемии, се јавуваат медиуми и движења кои се формираат со една единствена цел, во еден краток период се...

С. Македонија во извештај на Европскиот парламент за шпионскиот софтвер Пегасус

Специјален комитет при Европскиот парламент истражува како се користат софтверите за следење на комуникациите Пегасус и Предатор, откако во повеќе европски држави, како и во репресивни режими во Африка, се појавија повеќе случаи на проминентни политичари, новинари и граѓански активисти, кои незаконски биле следени откако телефоните им биле инфицирани со ваков софтвер. Неговата моќ е голема, затоа што без...

ЕУ не го воведува кинескиот социјален кредит за контрола и следење на луѓето

Социјалниот кредитен систем на Кина е сосема различен од предлог законот за вештачка интелигенција на Европската Унија. Демократскиот свет е ужаснат од кинеската практика на користење биометриски податоци и препознавање на лица за контрола на населението. Никаде во предлогот законот за вештачка интелигенција на ЕУ не стои дека секој човек ќе биде обележан и контролиран, а уште помалку уништен....

Постот произволно тврди дека Русите го враќаат Харкив, а Украинците ги напуштаат позициите

Постот има ударна и драматична најава, но не нуди потврдени и издржани информации. Кога е војна во прашање, добро е да се земаат предвид официјални информации и извори. Тоа во случајов го немаме. Ситуацијата на терен, од официјалните извештаи во медиумите, покажува Украинците не се повлекле од Харкив. Тоа го сториле Русите на почетокот на септември, но овој град...

ЕУРактив: Блокадата на „Шенген“ ги потхранува проруските наративи во Бугарија

Одлуката на Холандија и Австрија да го блокираат влезот на Бугарија во Шенгенскиот договор ја засили реториката на проруските кругови, при што Костадин Костадинов, претседателот на популистичката партија „В'зраждане“ (Преродба), порачува дека „одлуката ја докажува лицемерноста на ЕУ, со тоа што таа ги сака само парите на Бугарија, а не и нејзините граѓани“, пишува Красен Николов во анализата објавена...

ИПИС: Речиси 38 отсто испитаници сметаат дека „некој друг“ е виновен за воената инвазија на Русија врз Украина

Анкетата на ИПИС покажува дека 21,9 отсто од испитаниците сметаат дека одговорноста за воените дејствија е исклучиво на Русија, 4,1 отсто сметаат дека одговорноста лежи во Украина, додека 16,8 отсто сметаат дека подеднакво се одговорни и Русија и Украина. Понатаму, 19,4 отсто од испитаниците не можат да утврдат кој е виновен, додека рекордни 37,8 отсто сметаат дека тоа е...

Анкета на ИКС: Политичките партии главен извор на дезинформации

Меѓу македонските граѓани доминира мислењето дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Граѓаните главно се информираат преку телевизијата, Фејсбук и веб-сајтовите, но многу малку им веруваат на медиумите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење...

ДЕБАТА: Кинеското влијание во земјава расте, а граѓаните сонуваат за Кина како економски џин

Директни инвестиции во економијата, инфраструктурата, телекомуникациите, медиумите, академска соработка со универзитетите и функционирање на институтите Конфуциј се стратешките инструменти на кинеското влијание не само во Северна Македонија, туку и во другите земји. За кинеската „мека моќ“ во земјава не се известува доволно во македонските медиуми, додека кај граѓаните се создава апстрактна, идеализирана перцепција за Кина. Ова беа заклучните согледувања...

Контраспин: Милошоски знае дека НАТО не му верува на Димовски, а во Москва би бил добредојден!?

Виктор Димовски кој секако сноси одреден степен на одговорност за скандалот со Онишченко, можеби и нема да замине за амбасадор во Париз. Но, секако, тоа нема да биде поради она за што спинува Милошоски, дека НАТО не му верувал, а во Москва би бил подобредојден, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Антонио Милошоски во интервју даде...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...