fbpx

ЕУРактив: Блокадата на „Шенген“ ги потхранува проруските наративи во Бугарија

-

Одлуката на Холандија и Австрија да го блокираат влезот на Бугарија во Шенгенскиот договор ја засили реториката на проруските кругови, при што Костадин Костадинов, претседателот на популистичката партија „В’зраждане“ (Преродба), порачува дека „одлуката ја докажува лицемерноста на ЕУ, со тоа што таа ги сака само парите на Бугарија, а не и нејзините граѓани“, пишува Красен Николов во анализата објавена на „ЕУРактив“.

Костадинов им порача на Бугарите дека нивната земја може да стане „тампон“ и сиров додаток на Западот откако министрите за внатрешни работи на ЕУ неодамна го одобрија влезот на Хрватска во беспасошката Шенген зона од јануари, но ги одбија барањата на Бугарија и Романија.

Поддршката на анти-НАТО партијата „Преродба“ се зголеми десеткратно во последните две години, откако таа се вклучи во екстремната антиваксерска пропаганда и шири руска реторика за војната во Украина. Партијата доби повеќе од 10 отсто од гласовите на последните парламентарни избори, а има стравувања дека нејзината популарност може да продолжи да се зголемува, пишува „ЕУРактив“.

„Преродба“ е главниот противник на влезот на Бугарија во Еврозоната во 2024 година. Во петокот Костадинов рече дека прифаќањето на еврото може да доведе до граѓанска војна.

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев (2012-2017) предупреди дека изолацијата на Бугарија од Шенген ќе доведе до десеткратен пораст на руската пропаганда по одлуката на министрите на ЕУ.

„Руските хибридни напади во Бугарија ќе станат уште поефикасни. Да кажеме искрено – кога Бугарија останува сама, изолирана, на периферијата на Европската Унија, главниот победник е Путин и неговите популисти во Бугарија“, рече Плевнелиев на меѓународната конференција на Софискиот безбедносен форум пред една седмица (7 декември.

Две години Бугарија е во тешка политичка криза, во која екстремните судирања меѓу главните политички партии во земјата се пречка за формирање стабилна коалициска влада. Бугарите наскоро, би можеле да гласаат на петтите парламентарни избори во само две години, и тоа би можело да се случи в март следната година.

Најголемите бугарски партии беа пасивни за шенгенското прашање во текот на изминатите четири месеци, а техничката влада на Радев беше оставена во возачкото седиште во лобирањето за приклучување на беспасошката зона, потсетува „ЕУРактив“.
Политичките партии се активираа само во последните денови пред гласањето во Советот на ЕУ, кога веќе се знаеше дека Бугарија ќе биде изблокирана.

Двајцата претходни премиери – Бојко Борисов од ГЕРБ, која ја има поддршката на десноцентристичката Европска народна партија, и Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“ влегоа во конфликт поради Шенген, обвинувајќи се меѓусебно.

Борисов рече дека Бугарија е одбиена бидејќи владата на Петков дозволила трговците со луѓе да оперираат непречено. Од другата страна, Петков го обвини Борисов за лажење на европските водачи и рече дека корупцијата произлезена од него е причината за шенгенскиот неуспех на Бугарија, илустрира „ЕУРактив“.

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...