fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Адеми потпиша Меморандум за соработка со Британскиот совет

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и извршниот директор на Британскиот совет во Македонија, Елеонора Запрова, потпишаа Меморандум за оперативна соработка. „Целта на овој меморандум е да се воспостави соработка помеѓу Британскиот совет во Македонија и Министерството за образование и наука, за да се обезбедат консултантски услги за спроведување подготвителни активности за проектот „Имплементација на легислативата за заемно признавање...

Дали само учениците ќе се офајдат од набавката на 300.000 таблети?

По проектот „Компјутер за секое дете“, основните и средните училиште од следната година ќе се подноват со „таблет-компјутери за секое дете“, информираше заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. „Компјутер за секое дете“ мина со многу контроверзии и сомнежи за набавките на опремата, а до ден-денес не е познато колку точно пари чинеше проектот. Опозицијата обвини дека од  првичниот проект...

Адеми: Наша цел е да го подобриме статусот на наставниците

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на дебатата „Предизвиците на албанското образование“, која се одржа по повод 7 Март, Денот на учителот. Во своето обраќање, Адеми посебно се осврна на значајната улога што ја имаат наставниците во текот на едукацијата на учениците. - Секое време носи свои предизвици. Со академијата за наставници, ќе се направат огромни чекори кон...

Средношколците привремено ги прекинаа протестите

„Средношколски пленунм“ од Штип привремено ги прекина протестите и бојкотот на наставата, додека не добие одговор на барањата испратени до Министерството за образование и наука. Средношколците до МОН испратија неколку барања, меѓу кои главно е барањето истакнато на протестите – укинување на предметот математика како задолжителен во полагањето матура. Средношклците се децидни дека одвишок е иден студент да полага математика за...

Министерот Адеми ги додели наградите „Лидер“

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги додели наградите од натпреварот „Лидер“ за најдобар ученик во струката. Натпреварот го организираа Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование. - Можам да кажам дека сум задоволен од интересот на учениците и на наставниците за учество на натпреварот, кој ќе биде традиционален, односно ќе се одржува секоја...

Отворен конкурсот за студентската програма „Фулбрајт“

Министерството за образование и наука информира дека е отворен конкурсот за студентската програма „Фулбрајт“, наменета за визитинг студенти-истражувачи и за магистерски студии во САД за академската 2016-2017 година. Во согласност со правилата, на конкурсот може да се пријават сите оние кои завршиле високо образование или се запишани на постдипломски студии, кои имаат соодветно познавање на англискиот јазик и се граѓани на Република Македонија. Подетални...

„Студентски пленум“: Ја прекинуваме окупацијата, автономната зона продолжува

Студентите по 14 дена бојкот, ја прекинуваат окупацијата на факултетите и продолжуваат редовно со наставата, а автономните зони ќе продолжат и понатаму да функционираат. Ваква одлука била синоќа донесена на генерлниот пленум, а утринава изгласана на локалните пленуми на факултетите. Одлуката на „Студентски пленум“ доаѓа по договорот постигнат вчера со Министерството за образование, УКИМ и пленумите за изработка на нов...

МОН попушти пред студентите: Ќе има нов закон без државен испит

Нов закон за високо образование, без државен испит, договорија „Студентски пленум“ со преставници од Министерството за образование и од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на денешната двочасовна средба, потврди за новинската агенција „Мета“, Стефан Видиков, претставник на студентите. - Задоволни сме од средбата. Од наредната недела почнуваат со работа работните групи. Вечерва имаме генерален пленум, на кој треба да одлучиме за...

„Студентски пленум“: Се договоривме да се договориме, окупацијата продолжува

Вчерашната средба на „Студентскиот пленум“ и на УКИМ со претставнците на Министерството за образование и наука не била од одлучувачки карактер и единствениот договор што го постигнале бил да се одржи уште една средба во наредните неколку дена. Во меѓувреме, студентите ќе продолжат со окупација на факултетите. - Средбата не беше од одлучувачки карактер. Ние го изнесовме нашето клучно барање, а...

МОН и СОНК уште ги пеглаат разликите

Преговорите помеѓу претставниците на Министерството за образование и наука (МОН) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на социјалниот дијалог на највисоко ниво, се реализираат интензивно и во позитивна насока, информираa штуро и завиено од МОН. Ова е трета средба на највисоко ниво од 3 февруари. Работните групи постојано заседаваат. Овој дијалог беше изнуден по генералниот штрајк...

Работна група ќе подготвува нов закон за високо образование

Работна група составена од претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), вклучувајќи ги и „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“, како и претставници на Министерството за образование и наука (МОН) во наредните 30 дена ќе прави анализа на состојбите, од која потоа треба да произлезе нов закон за високо образование, е заклучокот од денешната неколкучасовна дебата меѓу засегнатите страни во просториите...

Студентскиот и професорскиот пленум ќе одат на средбата на МОН и на УКИМ

„Студентски пленум“ ќе има свои претставници на средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука (МОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, што ќе се одржи денеска во Ректоратот на УКИМ во 16 часот. Претставници на „Студентски пленум“ ќе бидат Ивана Туфегџиќ и Стефан Видиков. Освен студентите, претставници ќе има и „Професорски пленум“, меѓу кои и професорката Гордана...

МОН и УКИМ ќе дебатираат во Ректоратот?

Средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука и преставници на УКИМ, меѓу кои и студентите, која требаше да се одржи пред два ден, најверојатно ќе се одржи утре, во Ректоратот на Универзитетот. Студентите побараа средбата да се одржи на академско тло и не прифатија да се сретнат во Владата или во Министерството за образование. - Посочуваме дека од...

Работните групи на УКИМ и МОН ќе се сретнат во 17 часот

Средбата помеѓу работните групи за новиот Закон за високо образование составени од членови на УКИМ и МОН на која треба да присуствуваат и членови на „Студентски пленум“, најверојатно ќе се одржи во 17 часот, неофицијално дознава агенцијата „Мета“. Се уште не се знае дали средбата ќе биде отворена за медиумите, каде таа ќе се одржи и кој се ќе присуствува на...

МОН: Нема наредба за учење во сабота

Министерството за образование и наука информира дека сè уште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде во изминатиот период имаше бојкот на наставата. „Тоа се однесува и на плановите што ги подготвија и ги доставија училиштата од општина Куманово, каде одлуката за одржување настава во текот на утрешниот ден...

Студентите денеска ќе решат дали ќе преговараат со Адеми

Трет ден трае окупацијата на факултетите и студентите се во автономната зона, а од Министерството за образование и наука вчера предложија прва средба на работните групи за унапредување на пакетот реформи во високото образование, односно носење нов закон за високо образование да се одржи в понеделник. Студентите велат дека сè уште не знаат дали и кој од нив ќе...

МОН: Наскоро работна средба за нов закон за високо образование

Дискусијата за нов закон за високо образование на ниво на работни групи со сите засегнати страни ќе се случи во следните неколку денови, велат од Министерството за образование и наука. Сенатот на УКИМ треба да номинира претставници на академската заедница, на професорите и на студентите, кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и во реализација на договорот од...

МОН и СОНК се договорија, штрајкот прекинат

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа заемно прифатлива спогодба во однос на сите отворени прашања, потврдија и од Синдикатот и од Министерството. „Врз основа на заемно прифатената спогодба, одлуката за генерален штрајк на СОНК се повлекува. Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог. Ги известуваме родителите...

УКИМ ја прифати средбата со МОН на 10 февруари

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прифати поканата за средба со Министерството за образвание и наука на 10 февруари. „Ве известуваме дека го прифаќаме предлогот средбата да се одржи на 10 февруари. Местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени“, пишува во дописот од ректорот Велимир Стојковски до министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. МОН вчера предложи средба на 10...

МОН иницира средба со УКИМ на 10 февруари

Министерството за образование и наука го прифати предлогот на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за сеопфатна, стручна и за темелна анализа, од која ќе произлезат предлози за реформи и за подобрувања во високото образование. Од МОН предлагаат средбата со претставници на УКИМ да се одржи на 10 февруари. „Имајќи предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...