fbpx

МОН и УКИМ ќе дебатираат во Ректоратот?

-

Средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука и преставници на УКИМ, меѓу кои и студентите, која требаше да се одржи пред два ден, најверојатно ќе се одржи утре, во Ректоратот на Универзитетот.

Студентите побараа средбата да се одржи на академско тло и не прифатија да се сретнат во Владата или во Министерството за образование.

– Посочуваме дека од овој момент па натаму, преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или Владата. Дебатата за Универзитетот мора да се одвива на универзитетот. „Студентски пленум“ останува на ставот дека апсолутно е потребен целосно нов закон и дека со целиот свој капацитет ќе учествува во работните групи што ќе го подготвуваат. Ние не гледаме причина зошто претставник од Владата или од Министерството не би покажал доблест да се појави на академско тло. Тоа не мора да биде автономната зона, тоа може да биде кој било факултет, Универзитетската библиотека, може да биде Ректоратот, но, пред сé, може да е студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој најдобро го одразува нивото на грижа за високото образование – соопштија од „Студентски пленум“.

Средбата во понеделникот беше откажана поради заедничката седница на владите на Македонија и на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...