„Студентски пленум“: Ја прекинуваме окупацијата, автономната зона продолжува

-

Студентите по 14 дена бојкот, ја прекинуваат окупацијата на факултетите и продолжуваат редовно со наставата, а автономните зони ќе продолжат и понатаму да функционираат. Ваква одлука била синоќа донесена на генерлниот пленум, а утринава изгласана на локалните пленуми на факултетите.

Одлуката на „Студентски пленум“ доаѓа по договорот постигнат вчера со Министерството за образование, УКИМ и пленумите за изработка на нов закон за високо образование. Во наредниот месец, работни групи на сите засегнати страни треба да го изработат концептот за новиот закон кој во последната фаза ќе биде ставен на јавна расправа.

– Поради взаемниот постигнат договор одлучивме да ја прекинеме нашата окупација и да ги ослободиме факултетите и од утре тие да се вратат на формалната настава. Мора да кажаме дека власта ретерираше во својот став и попуштија на нашите барања. Вчера добивме ветување за нов закон во чие изработување ќе бидеме вклучени и ние – вели Стефан Видиков од „Студентски пленум“.

Видиков вели дека на вчерашната средба се разговарало и за надворешено тестирање и добиле ветување дека такво нешто ќе нема.

– Од друга страна во тие работни групи ќе бидеме присутни и ние студентите и „Професорскиот пленум“ и сенаторите чиј заеднички став е дека нема да прифатиме ниедна форма на надворешно тестирање – додава Видиков.

По консултации со професорите, студентите велат дека за шест до осум месеци би требало да добијат финална верзија на новиот закон за високо образование.

– Во изработување на законот ќе бидат вклучени и претставници и од Министерството за обрзование и наука, од Министерството за финансии и советници од кај премиерот. Во наредните 30 дена треба да се изработи костурот на законот и потоа ќе се формираат широки работни групи за изработка на законот – вели Ивана Туфегџиќ од „Студентски пленум“.

И Ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски вчера, по завршувањето на работната средба апелираше до студентите да се вратат на редовните работни обврски.

– Јас апелирам лично како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ до своите колеги и студенти да се вратат на редовните работни обврски, затоа што само така сите ќе можеме да го дадеме максимално својот прилог за нов текст – изјави ректорот Стојковски.

Од „Студентски пленум“ велат дека иако окупацијата е прекината автономните зони ќе продолжат да фукнционираат.

– Ќе продолжиме со алтернативните предавања на кои ќе се зборува и за другите студентски проблеми кои подоцна ќе бидат пренесени како прашања и во работните групи. Ова е еден нов концепт, нова методологија на работа каде што конечно почнуваат студентите и професорите да го пишуваат законот кој нив ги засега. Оваа креативност што се роди тука и овие алтернативни предавања треба да продолжат понатаму и откако ќе се донесе нов закон – вели Туфегџиќ.

Вчерашната работна средба беше втора средба на сите засегнати страни, по прогласувањето автономни зони на факултетите кои траеа 14 дена. Студентите решија да ја бојкотираат наставата и да ги окупираат факултетите поради незадоволството од измените на законот за високо образование кои предвидуваа воведување на државен испит.

Во Скопје нема организирана група која киднапира деца

Вистиномер побара изјава од МВР со цел да разјасниме, дали постои или не организирана група која киданпира деца сред бел ден во Скопје, како што тврди објавата. Портпаролот на...