fbpx

„Студентски пленум“: Се договоривме да се договориме, окупацијата продолжува

-

Вчерашната средба на „Студентскиот пленум“ и на УКИМ со претставнците на Министерството за образование и наука не била од одлучувачки карактер и единствениот договор што го постигнале бил да се одржи уште една средба во наредните неколку дена. Во меѓувреме, студентите ќе продолжат со окупација на факултетите.

– Средбата не беше од одлучувачки карактер. Ние го изнесовме нашето клучно барање, а тоа е интегрално нов текст на закон за високо овразование и за тоа ги изнесовме аргументите. Средбата заврши со договор да имаме следна средба. Секоја од четирите преговарачки страни треба да се консултира со својата база за да дојде на следната средба со заклучоци. Синоќа имавме генерален пленум, на кој беше одлучено дека окупацијата ќе продоложи и дека ќе се оди на следната средба со аргументите зошто ни е потребен нов закон – вели Ивана Туфегџиќ од „Студентски пленум“.

Студентите сметаат дека има простор за кооперативност помеѓу страните што преговараат со оглед на тоа дека претставниците на власта се согласиле да има анализа од 30 дена, во која ќе се види каде е проблематичен стариот закон.

– Се надеваме дека на следната средба ќе имаме позитивен исход, односно дека ќе заклучиме дека ни е потребен нов закон. Ќе окупираме сè додека не почне да се пишува текст за нов закон, па оваа енергија од тука да ја насочиме за пишување квалитетен нов закон, кој ќе гарантира квалитетно високо образование. Барањето на студентите за новиот закон е да нема никаква форма на надворешено тестирање од државата врз студентите, туку да се разработат механизмите кои веќе постојат – вели Туфегџиќ.

Вчера заклучоците од дебатата на работните групи на МОН и на УКИМ беа изложени во соопштение од неколку реда.

„Врз основа на излагањата, беше договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и за обезбедување на квалитетот во високото образование. Во таа насока, беше заклучено да се формира работна група со претставници на Универзиетот, вклучувајќи ги и студентскиот и професорскиот пленум, како и претставници од МОН, која во рок од 30 дена ќе подготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование. Истовремено, беше договорено во наредните денови да се одржи работна средба во истиот состав“, се вели во соопштението од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, што им беше поделено на новинарите по завршувањето на дебатата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...