Средношколците привремено ги прекинаа протестите

„Средношколски пленунм“ од Штип привремено ги прекина протестите и бојкотот на наставата, додека не добие одговор на барањата испратени до Министерството за образование и наука. Средношколците до МОН испратија неколку барања, меѓу кои главно е барањето истакнато на протестите – укинување на предметот математика како задолжителен во полагањето матура.

Средношклците се децидни дека одвишок е иден студент да полага математика за факултети каде математиката воопшто не се изучува. Според досегашните резултати од матурата, по математика учениците постигнуваа најниски оцени – 3,04. Лани само 25 ученици во државата полагаа математика – напредно ниво.