fbpx
Таг: млади

таг: млади

RISE повик за апликации: поддршка за младите и социјалното претприемништво

Проектот RISE го отвори четвртиот повик за поддршка на млади социјални претприемачи и апелира до сите млади кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за природата и за заедниците, да аплицираат со своите тимови најдоцна до 5 октомври. Тимовите кои ќе бидат избрани за учество имаат можност да добијат неповратни средства за развој на идеја за социјален и зелен...

Вегетаријанци и вегани во Германија има најмногу меѓу младите луѓе

Речиси 12 отсто од германските граѓани се вегетаријанци или вегани, а анкетите покажале дека тоа е особено чест случај со младите луѓе, пишува германската новинска агенција ДПА.  Исфрлањето на месото од исхраната особено е изразено кај жените и кај младите под 30 години, според истражувањето што го има направено германското здружение за трговија со храна БВХЛ, спроведено по повод на...

Домувањето е еден од предизвиците за младите, особено по завршување на студирањето

Домувањето претставува еден од клучните предизвици со кои се соочуваат најголемиот број на млади лица во земјава. Правото за соодветно домување, идентификување на предизвиците и важноста за младинскиот ангажман во решавањето на станбените прашања, вештини и стратегии за ефективно застапување и мобилизација, беа темите на вчерашната, втора по ред работилница на темата „Активни млади за соодветно домување“ во организација...

Објавена е брошура за правата на децата и младите од самохрани и еднородителски семејства

Здружението на млади „Млади од семејна разновидност“ ја издаде Брошурата за деца и млади од самохрани и еднородителски семејства. Ова е прв ваков документ за млади од самохрани и еднородителски семејства во земјава. Брошурата содржи информации за законските права на децата и младите од оваа категорија и тоа за правата на социјална заштита, образование и бесплатна правна и психолошка помош. „Со...

Фишинг нападите ловат поединци, но можат да направат опасни штети на цели заедници

Замислете дека сте риба и дека некој се обидува да ве фати на јадица - токму од таму доаѓа терминот „фишинг напад“, објаснува инженерот за компјутерска безбедност Божидар Спировски во разговорот со Мета.мк на тема фишинг напади. Основната улога на напаѓачот е да ве „улови” на метафоричната јадица што ја поставува. Притоа, фишинг нападот е само првиот чекор кон...

Фестивал на инклузија: Да ја искористиме културата да биде мост за надминување на различностите

Со многу насликани детски творби во прекрасни бои и преку различни активности се создадоа незаборавни спомени, широки насмевки и се стекнаа нови пријателства помеѓу сите генерации за време на вториот Фестивал на инклузија, кој оваа година се одржа во скопската општина Кисела Вода. „Од најмала возраст дечињата да сфатат дека треба да ги прифатат нивните другарчиња кои имаат попреченост затоа...

Гужви за упис на ФИНКИ, идните бруцоши во 2023 поднесуваат хартиени документи [фото]

Во 2023 година, студентите по софтверско инженерство и информациски системи, по програмирање, по компјутерско инженерство и други студиски програми се запишуваат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со доставување на документи во хартиен формат. Стотици млади денеска чекаа во ред за да ги поднесат документите. Пред зградата на Технолошко-металуршкиот факултет денеска цел ден „дежураат" идните академски...

НМСМ со повик за обука на млади на теми поврзани со претприемништво

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) распиша повик за обуки во рамки на проектот „Социјално претприемништо за младинско вработување“, кои се поделени во три програми - за меки вештини, за претприемништво и за прибирање средства и комуницирање со заедницата. Од НМСМ информираат дека обуките се наменети за млади невработени лица или млади лица вработени во социјални претпријатија. „Главна цел на овие...

Импровизации, изговори и оправдувања од општините за (не)отворање на младински центри

Бавно оди спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики донесен во јануари 2020 година. Иако беше создаден со цел да ги подобри животот и положбата на младите во државата преку креирање на младински центри, локални младински совети, канцеларии и други сервиси за млади на локално и национално ниво, спроведувањето на законот може да се опише со истечени...

Објавен е повикот за признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Од денеска е отворен повикот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија велат дека продолжуваат со имплементација на овој проект со којшто се доделува признание во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата...

„Остави трага“ во Охрид: Вечерва панел дискусија, музика и театар во паркот пред Центарот за култура „Григор Прличев“

Вечерва во 19 часот ќе се одржи четвртиот од серијата настани на караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја. Како што соопштија од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), настанот ќе се одржи во паркот кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Во...

Меѓународниот ден на младите со низа активности на Europe House во повеќе градови

Мрежата на Europe House беше иницијатор на серија активности низ различни градови по повод Меѓународниот ден на младите, при што беше истакната енергијата и креативноста на помладата генерација, соопштија од Europe House. Активностите започнале на 11 август со онлајн квиз организиран од Europe House Скопје, преку кој на младите им била понудена забава, но и можност за добитниците да бидат...

Извештај на НМСМ: Слаба имплементација на Законот за младинско учество и младински политики

И после повеќе од три години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, во голем дел истиот сѐ уште не е имплементиран, особено на општинско ниво. Ова е заклучокот на Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот, изработен од страна на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Сѐ уште не се формирани Националното собрание за млади и Националното...

Младите бестрашно уриваат бариери за редефинирање на иднината, порачаа тие од скопскиот Градски парк

Младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Ова беше истакнато на настанот по повод Меѓународниот ден на младите, што во петокот се одржа во градскиот парк – Школка во Скопје, соопштија од Младинскиот образовен форум (МОФ). Настанот беше организиран од Канцеларијата на Фондот...

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

Денешниот ден, 12 Aвгуст, во светот се одбележува како Меѓународен ден на младите. Овој ден беше назначен од Обединетите нации (ОН) за да се прослави придонесот и потенцијалот на младите луѓе ширум светот. Процесот што доведе до воспоставување на Меѓународниот ден на младите започна во 1991 година со резолуцијата 46/50 на Генералното собрание на ОН, додека првиот ваков ден беше...

Опаѓа бројот на млади во земјава, институциите не одвојуваат доволно средства за нив

Бројот на млади во земјава опаѓа, а државните и општинските институции не одвојуваат доволно средства за спроведување на политиките за млади. Ова се главните заклучоци на двете анализи за млади и младински политики кои во пресрет на Меѓународниот ден на младите - 12. Август, денеска беа промовирани од Фондацијата за демократија на Вестминстер. Организираната конференција за млади беше проследена...

ИКС: Преку коментари на новинарски објави се шири сексистички говор на омраза кон девојки

Сексистички говор на омраза кон младите девојки се шири преку коментарите на новинарските извештаи на социјалните медиуми, кои се плодна почва за развивање на родово-базирани злонамерни и вознемирувачки содржини, предупредуваат од Институтот за комуникациски студии (ИКС). Ова го покажала анализата на родово-базирани содржини „Сексистички говор на омраза кон млади девојки“, што ја изработиле во Институтот. „Во истражувањето беа анализирани повеќе...

Три години по носењето на Законот за младинско учество и младински политики – младите ниско на агендата

Новиот Закон за младинско учество и младински политики (ЗМУМП) донесен во јануари 2020 година од Собранието на РСМ, како прво законско решение кое го гарантира младинското учество и ги препознава младите, им даде надеж на младите дека не се заборавени од државата. Сепак, три години по донесувањето на овој закон, иако општините беа обврзани со рокови за спроведување на обврските...

Ученикот Давид Ставров освои бронзен медал на економската олимпијада што се одржа во Волос

Давид Ставров, ученик од Македонија, освои бронзен медал на шестата меѓународна економска олимпијада, која се одржа во Волос, Грција. Ова е второ учество на нашата земја на оваа олимпијада која се одржа од 25 јули до 2 август, во конкуренција со 50 тимови од 48 земји во светот. „Учениците се натпреваруваа во три дела - тест од економија, игра за...

Отворен е повикот за учесници на Летната академија на МОФ

Отворен е повикот за учество на Летната академија за младински права, демократија, младинско учество и организирање и адресирање на социјални предизвици и проблеми што ја организира Младинскиот образовен форум (МОФ). Право на учество на академијата имаат сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 25 години кои се членови на МОФ, но и млади кои досега немале прилика да се...

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата...