fbpx
Таг: министри

таг: министри

Почна првата седница на новата Влада

Почна првата седница на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Половина час пред почетокот на седницата, новинарите имаа можност да го разгледаат ентериерот на зградата на Владата, која првпат беше отворена за јавноста по нејзиното реновирање. Отворени беа и трите главни влеза од оградата на владината зграда, за која Заев најави дека ќе се бара законско решение и мислења...

Иванов ја прими новата влада

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска, во вилата Водно, ги прими членовите на новата влада, предводена од премиерот, Зоран Заев. Иванов на сите министри им го честиташе изборот и им посака успех во работата. Претседателот на државата му го даде мандатот за составување Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 17 мај, а синоќа, околу полноќ, Собранието го изгласа новиот...

ДПМНЕ се жали ако ја именуваат без ВМРО

Со процедурална забелешка во попладневната сесија, пратеникот Илија Димовски ја разби долгата расправија со реплики и со контрареплики од пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ за тоа кој колку направил за земјоделството и кој колку ќе направи за земјоделците. Димовски побара да се внимава на имињата, односно, побара претседателот на Собранието да ги укорува пратениците од владејачкото мнозинство...

Милошоски: Владата ќе ја одликуваат селективна правда, купен соживот и економија на кредит

Селективна правда, купен соживот и економија на кредит се трите карактеристики што, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ќе ја одликуваат владата што ја предлага мандатарот Зоран Заев. Милошоски истакна оти смета дека селективната правда ќе биде една од карактеристиките на новата влада бидејќи во неа има аболирани, корумпирани и обвинети луѓе, а кандидатот за премиер е на судско рочиште...

Димовски: Владата на Заев има мал и слаб економски тим

Пратеникот Илија Димовски, кој беше прв говрник по експозето на мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде активна и конструктивна опозиција, која нема намера да ги повторува грешките на СДСМ, кога тој беше во опозиција. - Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе доаѓаат на работа и ќе бидат активни на пленарните и на...

ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали утре ќе присуствува на собраниската седница

ВМРО-ДПМНЕ сè уште не објавува дали нејзините пратеници ќе учествуваат на утрешната собраниска седница, на која треба да се расправа по предлогот на Зоран Заев за нова влада. Утрешната седница е прва по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Неговиот избор ВМРО-ДПМНЕ го нарече „нелегитимен, неуставен и неделовнички“. Од партијата велат дека ставот околу утрешната седница ќе го соопштат наскоро, но...

Села: Ќе учествуваме во новата влада со министри за здравство и локална самоуправа

Алијансата за Албанците ќе биде дел од новата влада со две министерски места - за здравство и за локална самоуправа, соопшти доцна вечерва лидерот на Алијансата, Зијадин Села. -Движењето за реформи на ДПА имаше централно претседателство на кое одлучивме да бидеме дел од владата, а не само да и дадеме поддршка. Како АА имаме две ресорни министерства. Нам како ДР-ДПА...

Алијанса за Албанците вечерва одлучува дали ќе учествува во новата влада

Во Тетово започна Централно претседателство на Алијансата за Албанците на која ќе се расправа по две точки, учеството во новата влада и изборот на министрите од редовите на Алијансата. Од коалицијата велат дека, доколку одлучат да бидат дел од новата влада ќе предложат двајца министри. Министерското место за здравство ќе му припадне на Арбен Таравари, а за министер за локална самоуправа...

Заев ја објави владата, смета дека таа има капацитет за реформи и за цел мандат

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев вечерва по седницата на Централниот одбор на партијата го соопшти новиот владин кабинет во кој ќе има 15 министри со ресори и неколку министри без ресори. Заев информираше дека Радмила Шекеринска ќе биде министер за одбрана, Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски - министер за...

ДУИ ги предложи Лика, Османи, Салиу, Бекташи, Мерко и Дураку за министри во новата влада

Претседателството на ДУИ доцна вечерва одлучи да ги предложи Хазби Лика, Бујар Османи, Билент Салиу, Крешник Бекташи, Рамиз Мерко и Садула Дураку за министри во новата влада. Хазби Лика ќе биде вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој од 2005 до 2009 беше градоначалник на општина Тетово. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи ќе биде вицепремиер за евроинтеграции. Тој од...

Регионален министерски тим ќе ги санира штетите од кризата во „Агрокор“

Министрите за трговија и за економија на Србија, БИХ, Словенија и на Црна Гора денеска на состонок во Белград се договорија да формираат министерски тим за заедно да спречат случајот со хрватскиот концерн „Агрокор“ да биде на шетата на фирмите - ќерки во земјите од регионот. На состанокот на ресорните министри на регионот за „Агрокор“, присуствувал и премиерот на Србија, Александар...

Министерски состанок за „Агрокор“ утре во Белград

Во Белград за утре е закажан состанок на министрите за трговија и за економија на Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора, на кој ќе се разговара за случајот со хрватскиот концерн „Агрокор“. На состанокот, на кој не се поканети претставници од Хрватска, се очекува да се стане збор за тоа како да се задржат работните места во...

Продолжуваат протестите против Вучиќ во Белград, Ниш и во Нови Сад

Неколку илјади претежно млади лица, незадоволни од победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија, и денеска излегоа во центарот на Белград, на четвртиот по ред „Протест против диктатурата“, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Учесниците на протестот, кој е организиран преку „Фејсбук“, носеа знамиња на Србија и транспаренти со натписи „О (не)свести се“, „Вучиќ арамијо“, „Долу диктатурата“, „Денеска...

Ахмети: ДУИ не донесе одлука вечерва, не се исклучува нова лидерска средба

Претседателот на ДУИ вечерва во партиското седиште во Мала Речица соопшти дека партијата уште нема цврста одлука за решение за излез од кризата, но порача дека предвремени избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, не би ја решилe кризата. Али Ахмети исто така најави дека е можна и нова лидерска средба. По итен повик на Ахмети, попладнево и вечерва во Мала Речица заседаваше...

Централното претседателство на ДУИ поделено, некои за, некои против излегување од владата

Централното претседателство на ДУИ сè уште ја разгледува опцијата партијата да излезе од владата, за да има избор на нова влада и да се деблокира институционалната криза. Во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица попладнево почна седницата на централното претседателство, кое го свика партискиот лидер, Али Ахмети. Портпраролот на партијата, Бујар Османи, за време на одржување на седницата, ја потврди оваа...

Свилановиќ: Потребно е регионално економско здружување на Балканот

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСС), Горан Свилановиќ, смета дека политиката „еден регион - една економија“ е добра за Западен Балкан, ако е проследена со честа интеракција помеѓу ресорните министри од регионот и нивните колеги и институции од Европска Унија. - Очекувам дека премиерите на состанокот во Сараево ќе потпишат план за целосна економска интеграција на регионот. Овој...

Еди Рама ќе ги објави замениците на четворицата министри што дадоа оставки

Почнувајќи од денеска, албанскиот премиер Еди Рама ќе назначи нови министри на местото на четворицата од неговата влада што дадоа оставки. Рама вели дека оставките се само поради тоа „да им се дозволи на изборните координатори да се фокусираат со свежи сили на изборната кампања“. Оставки вчера дадоа Бленди Клоси, министер за социјална заштита, Бледи Кучи, министер за локална самоуправа,...

Свилановиќ: РСС ќе придонесе регионот да биде просперитетен и стабилен

„Исклучително е важно да се осигури понатамошен напредок и продолжување со реформите во регионот, бидејќи тоа се неповратни процеси кои произлегуваат од тежнеењето на државите да пристапат кон Европската Унија. Регионалниот совет за соработка (РСС) ја продолжува блиската соработка со вас, за регионот да биде просперитетен и стабилен“, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, обраќајки се...

Во МНР почна министерскиот состанок за Западен Балкан

Шестиот неформален состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика од Западен Балкан утринава почна во зградата на Министерството за надворешни работи, a домаќин на средбата е шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. На првата пленарна седница учествуваат министрите за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, на Косово, Енвер Хоџа, и на Србија, Ивица Дачиќ, кој неодамна, во новогодишно интервју, рече:...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги тужи Шилегов и СДСМ поради кривичните пријави за министрите

ВМРО-ДПМНЕ попладнево најави дека против Петре Шилегов и СДСМ ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување, откако портпаролот на СДСМ објави дека партијата ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Партијата вели дека според Уставот, владата на која ѝ престанал...