fbpx
Таг: министри

таг: министри

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи премиерот и тројцата министри во моментов истовремено ја извршуваат и функцијата пратеник во Собранието и...

Цела Македонија под привремена управа – в.д. ги водат судовите, владата и собранието

Трите власти во државата - законодавната, судската и извршната - се под привремена управа. Веќе два месеци, и подолго, на чело на најважните судови, Владата, Собранието, МВР се наоѓаат вршители на должност, кои привремено ги извршуваат раководните функции на кои се поставени. Ваквата ситуација го скратува дијапазонот на одлуки и на решенија што можат да ги носат, а и веќе донесените...

Вучиќ им забрани на министрите да ги коментираат случувањата во регионот

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека премиерот Александар Вучиќ на сите министри, државни функционери и службеници им забранил да ги коментираат случувањата во регионот, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. „Премиерот нè замоли да му овозможиме, поради сериозноста на темите и на регионалните односи, тој да одговара на прашањата во врска со регионалните политички теми“,...

Традиционална средба на Јолевски со поранешните министри за одбрана

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, оствари традиционална средба со поранешните министри за одбрана, во Дом на АРМ. На средбата, министерот Јолевски информирал за процесот на модернизација на армијата, кој би влијаел на поголема опременост и интероперабилност со армиите на земјите членки на НАТО. - Македонија работи напорно на исполнување на стратегиската цел, членство во НАТО. Воедно, продолжуваме и со придонесот кон...

По победата на Трамп, шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ свикаа состанок в недела

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе одржат вонреден состанок на 13 ноември, в недела, во Брисел, за да ја проценат ситуацијата по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Шефовите на европските дипломатии ќе се состанат на „неформален“ вонреден состанок за да дискутираат за понатамошните односи меѓу ЕУ и САД. Во соопштението од германското министерство за надворешни работи...

Ципрас подготвува реконструкција на владата

Грција е во исчекување на нова владина реконструкција. Грчкиот премиер Алексис Ципрас го подготвува новиот состав на владата и можно е да го објави во текот на денот или најдоцна викендов. Иако на почетокот на неделата од кабинетот на Ципрас посочија дека реконтрукцијата не е приоритет во моментов, се чини дека грчкиот премиер поради сите проблеми со телевизиските концесии и...

Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците е нов министер без ресор

Пратениците во Собранието денеска на предлог на премиерот Емил Димитриев го разрешија министерот без ресор Фуркан Чако, а на негово место го избраа Бејџан Иљас, негов сопартиец од Демократската партија на Турците. Димитриев образложи дека од Демократската партија на Турците до него доставиле допис со барање за замена на министерот без ресор со ново лице, а образложението било дека со...

И српските министри го замрзнаа учеството во владата на Косово поради законот за Трепча

Mинистрите на Српската листа одлучија да го замрзнат учеството во работата во владата на Косово, поради усвојување на законот за рудникот Трепча. Заменикот на премиерот на Косово, Бранимир Стојановиќ, министерот за администрација и локална самоуправа Љубомир Мариќ и министерот за заедници Далибор Јевтиќ во заедничко соопштение изјавиле дека им е оневозможено правото како членови на Владата да учествуваат во расправата за теми,...

Утре во Њујорк, средба Попоски – Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, утре во Њујорк ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Средбата, која ја најавија од грчкото министерство за надворешни работи, ќе биде на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации. Коѕиас утре ќе го придружува грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, а в...

Собранието ги изгласа министрите на СДСМ во преодната влада

Пратениците во Собранието денеска ги изгласаа двајцата министри од СДСМ во преодната влада, предвидена во Договорот од Пржино. За Оливер Спасовски, кој ќе биде министер за внатрешни работи, и за Фросина Ременски, која ќе биде министерка за труд и социјална политика, гласаа 95 пратеници, а двајца беа против. Претседателот на владата, Емил Димитриев, кога ги предложи новите министри рече дека крајно...

Спасовски и Ременски се кандидати за министри, Зекири нов член на ЦО на СДСМ

Оливер Спасовски и Фросина Ременски се кандидатите на СДСМ за старо-нови министри во привремената влада за спроведување на изборите на 11 декември, која треба да биде избрана утре во Собранието, едногласно одлучи доцна вечерва централниот одбор на партијата. Нема промени ниту во кандидатите за дополнителни заменици-министри. Како и лани, по Договорот од Пржино, кандидат за дополнителен заменик-министер за финансии е...

Извршниот одбор на СДСМ побара „тематски конгрес за фронт против режимот на Груевски“

Извршниот одбор на СДСМ, на состанокот одржан попладнево, на централниот одбор на партијата му ги предложил кандидатите за министри и за дополнителни заменици министри за составот на техничката влада, соопштуваат од опозициската партија, но не наведуваат имиња. На состанокот, извршниот одбор донел одлука која треба да ја потврди централното тело на партијата, да се одржи тематски конгрес „за отворање широк...

Спасовски: Вечерва ќе се знае кои ќе бидат новите министри и заменици министри

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска не сакаше да ги открие имињата на министрите и на замениците министри кои треба да ги именува СДСМ во преодната влада за организирање на предвремените парламентарни избори. Тој не сакаше да каже дали тој ќе биде старо-нов министер за внатрешни работи. - Вечерва ќе заседаваат највисоките органи...

Германската канцеларка Меркел ќе прима плата од 18.820 евра

Германската канцеларка Ангела Меркел од февруари следната година ќе прима плата во износ од 18.820 евра, откако владата денеска одлучи да одобри зголемување на примањата во нејзиниот кабинет за оваа и за следната година. Платите на германските министри ќе се зголемат за 2,2 проценти, додека од 1 февруари 2017 година на сила ќе стапи уште едно зголемување од 2,35 отсто,...

ФРОДЕМ: Издавањето еврообврзница од 650 милиони евра е економско злосторство

Намерата да се издаде еврообврзница од вртоглави 650 милиони евра е финансиско и економско злосторство врз граѓаните на Република Македонија, реагираат од Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ). „Владата со која раководи технички премиер за спроведување на изборите, а која е под целосна контрола на вождот во заминување, со ова најново задолжување настојува да обезбеди пари за да купи уште едни...

Двете години политичка криза ја стопија владата на Никола Груевски

Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески денеска си поднесе оставка на функцијата. Ставрески е петтиот министер од најблиското опкружување на поранешниот премиер Никола Груевски и од неговата влада, кој во овие две години, колку што трае политичката криза, си поднел оставка на функцијата во владата. Досега, покрај Ставрески, оставки си поднесоа премиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

За каква влада преговараат: Техничка, коалициска, концентрациона, привремена…

Некаков вид преодна влада, до следните парламентарни избори, сигурно ќе има, судејќи по изјавите и на власта и на опозицијата. Директорот на Центарот за комуникации на владејчката партија, Иво Котевски, вчера за „Мета“ изјави дека партијата  е подготвена и има намера да го почитува Договорот од Пржино, кој предвидува формирање на техничка влада за организирање на избори кои треба...

Попоски се сретна со Нуланд на самитот на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на редовниот состанок на ниво на министри за надворешни работи, во формат Северно-атлантски совет на НАТО и оперативните партнери во мисијата „Решителна подршка“ во Авганистан. Министрите разговараа за продолжување на мисијата во текот на...

Собранието ги врати Чавков и Спасов за министри, за СДСМ тоа е погубно сценарио

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на почетокот на првата седница откако Уставниот суд ги стави во мирување сите претходно досени одлуки, ги констатираше оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ. Веднаш потоа беа избрани „нови“ министри - Митко Чавков за министер...

Димитриев бара да се констатираат оставките на министрите на СДСМ

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од редовите на СДСМ. Тој доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...