fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Родителите не се бунат кога градинките им ги враќаат децата без МРП вакцина

Пет деца невакцинирани за морбили, рубеола, паротитис (МРП) не биле примени на згрижување денеска во градинката „Кочо Рацин“ во Центар, согласно препораките на Министерството за здравство (МЗ). Во меѓувреме, од денеска инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прават проверки, дали има деца кои се примени, а не се вакцинирани со МРП. Главната сестра на сите четири објекти на...

Министерство за здравство со забрана: Нема МРП вакцина – нема градинка

Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на ниво на Скопје, поради  12 нови случаи. Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата денеска порача дека шест од новите случаи се потврдени преку лабораториски анализи, а за другите шест случаи анализите се очекуваат утре. Овие нови 12 случаи се надоврзуваат на седумте случаи во градинка во Радишани пред десетина дена. Министерството денеска донесе...

Грозданова: Невакцинирани деца не треба да бидат примени во градинка или училиште

Поради одредени отстапки, во моментов и децата кои не се вакцинирани се примаат на училиште и во градинка, а со тоа се доведува во прашање и намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на инфективни (заразни) болести, предупредува за „Мета“ проф. д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство. На законско регулирање...

Новите возила на Итната помош не се во употреба, се најавуваат нови вработувања

Дванаесетте нови амбулантни возила се уште не се примени од Министерството за здравство, и не се во употреба, а во меѓувреме министерот Венко Филипче најави и вработувања на стручен кадар во службата за Итна медицинска помош, пренесува „Порталб.мк“. „Тие возила ќе дојдат. Очекуваме и донации од Република Чешка. Постои финансиска согласност за прием на лекари и медицински сестри кои ќе...

Министерството за здравство не кажува кој ќе ја прави физибилити студијата за Брзата помош

Министерството за здравство веќе две недели одбива да каже, кои компании ќе ја изработат физибилити анализата за изборот на моделот на функционирање на Итната медицинска помош, иако тоа беше ветено од министерот за здравство, Венко Филипче, пишува „Порталб“. На прашањето на Порталб.мк за тоа „Кои компании ќе ја спроведат физибилити анализата за Итната помош“, министерот Филипче објави дека „има три компании, но...

Надлежните препорачуваат ограничени движења на отворено поради аерозагадувањето

На мерните станици Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци е надмината вредноста на ПМ10 честичките од 100 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, при што Министерството за животна средина ги извести Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за...

За набавка на амбулантните возила, Филипче се повикува на стандард кој не постои

Набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош, и дистрибуција на шест од нив само во Скопје, е врз основа на критериумот дека „за 50 илјади жители треба да има едно амбулантно возило“. За овој критериум, Министерството за здравство и медиумите се повикуваат на Светската здравствена организација (СЗО), но никој не го објави документот од каде е изваден тој...

Скопје има само 13 возила на Итна помош, а Кочани, со 38.000 жители – десет (инфографик)

Министерството за здравство обезбеди 12 возила за Итна медицинска помош, при што, шест од нив ќе бидат распределени во Скопје, а за другите шест не се знае во кои градови. Ниту деловникот за работа на Итната помош, ниту пак Министерството за здравство ги имаат дефинирано критериумите според кои се распределуваат возилата низ градовите. Од друга страна, постои значајна разлика во...

Министерство за здравство ја испитува можноста за приватизација на Брзата помош

Министерството за здравство со физибилити студијата ќе ја испитува можноста за правење на јавно-приватно партнерство за услугите „Брза помош“ и „Домашна посета“. „Тендерот кој е распишан од страна на Министерството за здравство е отворен на 3 ноември и прибирањето на понудите трае до 14 ноември. Оваа набавка се однесува на прибирање понуда за изработка на физибилити студија и анализа на можности и капацитети...

Државата со кампањи ќе ги убедува родителите да вакцинираат

Министерството за здравство, со кампањи ќе се бори против антиваксерите. Планирано е да се преземат низа активности со кои ќе се едуцираат родителите за важноста на вакцинацијата и потребата од имунизација. За „Мета“, министерот за здравство, Венко Филипче вели дека е подготвена комуникациска и едукативна стратегија со која преку социјалните медиуми, градинките и училиштата, ќе се допре до родителите. - Сакаме...

Филипче: Квалитетот на вакцините е загарантиран, вакцинирајте ги децата

Вакцинацијата е тема која секогаш предизвикува дискусија во јавноста. Од една страна, се антиваксерите кои не вакцинираат своите деца главно поради недоверба во здравствениот систем, а од друга страна, се оние родители кои редовно вакцинираат. Во услови кога има тренд на намалување на бројот на деца кои се вакцинираат, разговаравме со министерот за здравство Венко Филипче, кој во ова интервју...

Вакцините во Македонија се безбедни, нема место за паника, вели Филипче

Во Македонија се внесуваат безбедни и проверени вакцини. Нема место за паника. Вакцините се европски и сигурни, рече министерот за здравство, Венко Филипче и истакна дека вакцинацијата е најдобрата инвестиција во здравјето. Министерот рече дека во календарот за имунизација за 2019 година воведени се уште две вакцини со европски и светски квалитет. -Моментално во потполност се гарантира за квалитетот на вакцините,...

Приватните специјализанти не добивале пари оти не биле испланирани во буџетот

Министерството за здравство соопшти дека конечно се обезбедени парите од државата наменети за приватните специјализанти што поминале на конкурсот во јануари годинава. Од таму велат дека тие досега не добивале пари оти не биле предвидени во буџетот. „Сите приватни специјализанти (92. кандидати) кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле...

Министерство за здравство распиша тендер за инсулин за две години

Министерството за здравство соопшти дека денеска е почната постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, за периодот септември 2018 - септември 2020 година. „Постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и населението кое директно или индиректно ги користат именуваните медицински препрати, уреди...

Филипче најави осум централни лаборатории за крв и работа за сите лаборанти

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција во Владата го претстави новиот систем на функционирање на oсум централни лаборатории. Според министерот, новиот систем ќе значи подобра услуга за граѓаните. - Вкупно ќе има осум централни лаборатории од кои две во Скопје, една на Клинички центар, другата во ГОБ „8 Септември“, по една во Куманово, Штип, Тетово, Охрид и Струга -...

Министерството за здравство воведува вонболничка постоперативна грижа

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информираше денеска на прес-конференција државниот секретар во министерството, Владимир Милошев. Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект. - Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во...

Министерство за здравство преку комитет ќе се бори против смртноста на новороденчињата

Во Министерството за здравство вчера се одржала конститутивна седница на новиот состав на Комитетот за безбедно мајчинство, информираат од институцијата. Нов претседател на комитетот е доц. д-р Ана Данева Маркова од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Една од првите задачи на овој комитет ќе биде изготвување на анализа на актуелната ситуација во оваа област и подготовка на акционен план....

Девет заразени со морбили во Македонија, се препорачува вакцинирање

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, со цел, согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата. Од таму информираат дека, во Македонија оваа година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани. „Службите за имунизација при Здравствените домови да...

Тамара почина чекајќи милост од власта

Тамара Димовска, 10-годишното девојче од Велес што почина точно пред три години и покрај ветувањата за соодветен третман од страна на тогашниот министер Никола Тодоров и раководство на Фондот за здравство, стана симбол за здравствените политики на тогашната власт. Нејзината смрт додека чекаше операција во Турција беше повод за големи протести пред Министерството за здравство. Чекајќи операција заради деформацијата на...

Министерство за здравство демантира дека исчезнало бебе на Клиника за гинекологија

Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за гинекологија, информираат од таму. „Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за гинекологија и нивната здравствена состојба е добра. Истовремено, сакаме да информираме дека е поднесена пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката“, се вели во соопштението...