fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Ребаланс: Владата го зголеми буџетот на Обвинителство, а ги преполови парите за нов клинички центар во Скопје и Штип

Имплементацијата на Законот за кривична постапка е поголем приоритет за Владата отколку изградбата на нови клиники и реконструкцијата на студентските домови, покажува предлог-ребалансот на буџетот во кој се зголемуваат буџетските средства наменети за Јавното обвинителство, а се намалуваат парите предвидени за новите објекти во здравството и за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови. Ова го покажуваат наодите од...

МЗ: Ќе има подобрување на условите во јавните здравствени установи, како и во руралните амбуланти

Од Министерството за здравство во врска со текстот објавен во „Мета.мк“, дека Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, по предлог-ребалансот на буџетот усвоен на последната владина седница појаснуваат дека средствата наменети за изградба на амбуланти во рурални средини во износ од 3 милиони денари се пренаменети во програмата 1а –...

Портокалова фаза во цела држава – трудниците и постарите од 60 години да не одат на работа

По добиените предупредувања од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), дека од денеска се до 14 август територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза, Министерството за здравство упати препораки за мерки за заштита на здравјето на населението и спречување на несакани ситуации. Министерството препорачува: - Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како...

За 34 здравствени установи низ земјава ќе се набавуваат 1.300 кревети и 700 телевизори

Министерството за здравство ги објави двата тендера за реновирање на 34 здравствени установи низ земјава, како и за набавка на 1.300 болнички кревети и 700 телевизори за потребите на овие установи. Тендерот за набавка на градежно - занаетчиски работи ќе опфати комплетно молерисување на здравствените објекти, поправка и репарирање на внатрешните врати и прозорци и замена на зидните и...

Доаѓа топлотен бран – помалку храна, повеќе вода и без алкохол следниве денови

Целата територија на земјава од денеска ќе биде зафатена со високи температури од жолта фаза, а Министерството за здравство излезе со препораки за спречување на последиците од топлотниот бран врз населението. Во текот на екстремно топлите денови што следуваат, од министерството препорачуваат: -Да се остане повеќе во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворен простор во овој период,...

Прогласена жолта алертна фаза, високи температури и УВ-индекс

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури, во рамки на Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури. „Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до...

Пораст на вакцинираните против морбили, од годинава вакцини против пневмокок и рота вирус

  Еден од главните приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, кои се причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната работилница...

Обвинителство нема да покрене постапка за јавните набавки во Министерство за здравство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), односно надлежен обвинител, донело одлука да не почнува постапка зза јавните набавки во Министерство за здравство. „За да постои кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 потребно е јавната набавка да е спроведена на незаконит начин и да има склучен...

Тројца нови заболени од морбили, до сега вкупно 493

Согласно најновите податоци од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни пациенти биле пуштени на домашно лекување, а една 29 годишна пациентка со непознат вакцинален статус била хоспитализирана на клиниката информираат од Министерството за здравство. „На Инфективната клиника во моментот се хоспитализирани 19...

Во „Мој термин“ се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем „Мој термин“, соопштуваат од таму. Целта, како што велат, е подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите. „Најзначајната новина која се воведува...

Нови тринаесет заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба

Тринаесет заболени од морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои седум се примени на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Клиниката за инфективни болести. „Станува збор за четворица возрасни од Скопје и Велес, меѓу кои една 37-годишна жена е со потешка клиничка слика. Другите тројца возрасни се со непознат вакцинален статус. Примени се...

Истрагата на местото на несреќата продолжува, во тек е обдукција на загинатите (галерија)

Билансот од вчерашната страотна сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, до сега е 14 загинати и триесетина повредени од кои седуммина потешко. Истрагата на местото на несреќата продолжи и денеска, а во Институтот за судска медицина се врши обдукција на загинатите и нивна идентификација. Детали за несреќата од страна на Јавно обвинителство се очекуваат денеска или утре. Возачот на автобусот е пуштен...

Раскинат договорот со „Бетон“ – Штип, Грците сами ќе ја градат штипската болница

Грчки „Интеркат“ кој го доби тендерот за изградба на новата Клиничка болница во Штип, еднострано го ракинал договорот со „Бетон“ - Штип, откако со месеци стагнираше градбата. Се пробија сите договорени рокови, по што, грчката компанија одлучила да работи без ангажираниот подизведувач. Работниците на „Бетон“ си ги собираат машините и алатот од недовршената болница, а „Интеркат“ се соочи со тужба...

Министерство за здравство: Нови шест случаи со морбили, вакцинирани вкупно 5.107 деца

Министерство за здравство информираше дека вчерашниот ден се регистрирани шест нови случаи на морбили. „На Kлиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести. Инаку, на Kлиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување. Амбулантски се...

Воспитувачка и седуммесечно бебе – нови пациенти со морбили на Инфективна

Во тек на вчерашното дежурство на Клиниката за инфективни болести, прегледани биле четири сомнителни случаи на морбили, од кои двајца биле задржани на болничко лекување. - Станува збор за седуммесечно бебе, кое не е вакцинирано и воспитувачка на 35 годишна возраст од градинка во Кисела Вода. На клиниката во моментов има 26 пациенти - информираат во Министерството за здравство. Оттаму додаваат...

Министерство за здравство: Децата со мали сипаници се во стабилна здравствена состојба

За едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се два нови случаи со морбили (мали сипаници), информираа денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ. Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка клиничка слика предизвикана од ова заболување. Засега, има само...

Не попушта епидемијата на морбили, денеска четири нови заболени со компликации

Министерството за здравство ќе прогласи крај на епидемијата на морбили кога ќе се случи да нема ниту еден заболен во период од четири недели, информираат оттаму за „Мета“. „Процесот на инкубација трае две недели. Кога ќе има два пати по две недели без ниеден заболен пациент, тогаш ќе се стопира епидемијата. Засега тоа нема шанси да се случи, бидејќи само...

Се спремаат законски измени вакцините да станат услов за упис на училиште

Државата ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште. За „Мета“, во Министерството за здравство (МЗ) објаснуваат дека поради одредени отстапки, во моментов и децата што не се вакцинирани се примаат во училиште, но тоа не смее да продолжи како практика. - Со оглед на фактот дека повеќе години...

Против МРП вчера вакцинирани 23 деца, бројката стаса до 1.102

Министерството за здравство информира дека вчера до 13 часот вакцинирани биле 23 деца со МРП (морбили, рубеола, паротитис - или ситна сипаница, крупна сипаница и заушки). Со тоа, до вчера вакцинирани биле вкупно 1.102 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). Министерството за здравство апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца. „МРП вакцината...

До 15 часот вакцинирано е вкупно 371 дете на територија на Скопје

Денеска до 15 часот вакцинирано е вкупно 371 дете на територија на Скопје со вакцината МРП (морбили, рубеола и паротитис), информираа Министерството за здравство. Оттаму велат и дека за две од шестмината новозаболени лица од морбили е добиена лабораториска потврда, а за две од нив резултатите се негативни. Кај еден случај на болно дете се прават дополнителни лабораториски испитувања. „Министерството за здравство...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...