fbpx

Доаѓа топлотен бран – помалку храна, повеќе вода и без алкохол следниве денови

-

Целата територија на земјава од денеска ќе биде зафатена со високи температури од жолта фаза, а Министерството за здравство излезе со препораки за спречување на последиците од топлотниот бран врз населението. Во текот на екстремно топлите денови што следуваат, од министерството препорачуваат:

-Да се остане повеќе во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;

-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна;

-Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

-Пред влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

-На хронично болните лица им се препорачува да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичен лекар.

Од Министерството за здравство препорачуваат задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивната употреба, термичка обработка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +4 степени и пред консумирање истата да се загрее на +100 степени. Се препорачува да се избегнува консумирање на производи што не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумираат сладолед и разни кремови.

И Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува во текот на следните денови да се внимава со храната. За да се избегнат труења со храна, препорачливо е да се купува храна од проверени места и да се избегнува купување и користење на разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач. При јадење во објектите за брза храна, да се одбегнува користењето додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и слично.

Најавените високи температури во наредните денови ја зголемуваат опасноста и од предизвикување на пожари. Од Дирекцијата за заштита и спасување ги потсетуваат граѓаните дека продолжува важноста на забраната за движење во шума. При престој на отворено, да не се фрлаат цигари, догорчиња, стаклен отпад и шишиња и да не се пали отпад и друг горлив материјал, вклучувајќи го и палењето на стрништа и меѓи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...